Бијонсе го објави видеото за песната „I Was Here“, снимено по повод Светскиот ден на хуманитарноста. Во инспиративното видео Бијонсе пее на сцената облечена во бел вечерен фустан, додека зад неа се менуваат снимки од дејноста на хуманитарни работници низ цел свет.
Идејата на кампањата на Обединетите Нации зад која застана Бијонсе е луѓето да започнат да си помагаат меѓу себе и секој од нас да остави свој отпечаток на земјата.
Бијонсе изјавила дека преку песната пренесува: „Сакам да ги оставам моите отпечатоци во песокот на времето“. „Чувствувам дека сите сакаме да знаеме дека нашиот живот значел нешто“ – објаснила таа.
Погледнете го инспиративното видео: