Бијонсе се вклучи во активностите за одбележувањето на Светскиот ден на хуманитарноста. Со надеж дека ги охрабри луѓето низ цел свет да направат нешто позитивно и хумано,
„Направете едно нешто за друго човешко суштество. Ништо не е премало“ – вели Бијонсе во црно-белото видео во кое е вклучена нејзината песна „I Was Here“.
Бијонсе и Дајен Ворен, која го напишала текстот на „I Was Here“, ја донираа песната за кампањата, а на 19 август ќе биде снимен и спот за истата.
Светскиот ден на хуманитарноста им е посветен на сите оние кои ги изгубиле своите животи работејќи за хуманитарни цели, но и на хуманитарните работници кои продолжуваат да им го олеснуваат животот на оние на кои им е потребна помош.
Кампањата по повод Денот на хуманитарноста има за цел да достигне до милијарда лица кои ќе ја пренесат пораката за љубов и ќе ја подигнат свеста за постоењето на стотици илјади луѓе кои страдаат низ цел свет. „1 ден, 1 свет, 1 порака“...