Почетна » Новости » Животни стории » 55-годишна баба го роди своето внуче за да ѝ подари дете на ќерка ѝ која нема матка

55-годишна баба го роди своето внуче за да ѝ подари дете на ќерка ѝ која нема матка

Баба го роди сопственото внуче за да ѝ помогне на ќерка си да стане мајка.

55-годишната Ема Мајлс ѝ понудила на ќерка си Трејси да биде сурогат за да ѝ го оствари сонот да има дете.

Трејси и Ема

Имено, Трејси на 15-годишна возраст дознала дека е родена без матка, но нејзините јајници фукционирале нормално. Па, со помош на инвитро, оплодена јајце клетка од Трејси била имплантирана во Ема.

За да може да има здрава бременост, Ема дури и ослабела 38 килограми и примала хормонска терапија. Убавата вест е што сè поминало во најдобар ред и Ема родила девојче со царски рез.

„Отсекогаш знаев дека сакам да бидам мајка, дури и кога имав 15 години. Секој момент кој ни го кршеше срцето вредеше само за да го имаме нашето чедо во рацете. Многу ѝ сум благодарна на мајка ми за прекрасниот подарок кој ни го даде“ - изјавила Трејси.

Трејси и Ема Трејси и Ема

За раѓањето бебе во шестата деценија од животот Ема вели: „И покрај мојата возраст, не бев загрижена да родам дете. Фокусирана бев само на тоа да направам специјално нешто за ќерка ми. Трејси е моето бебе и сè направив за таа да стане мајка.“

Трејси и Ема

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19710 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.