Почетна » Здравје » Совети за здравјето » 7 неочекувани предизвикувачи на главоболка

7 неочекувани предизвикувачи на главоболка

Ако главоболката е дел од вашето секојдневие, сигурно се обидувате да дознаете што ја предизвикува. За да ви помогнеме, ќе ве насочиме кон некои предизвикувачи на главоболка, за кои сигурно нема да се сетите.

Црвено виноТираминот во црвеното вино може да предизвика главоболка.
  1. Црвено вино. Црвеното вино, како и многу видови сирења и алкохолни ликери, содржи тирамин, кој е предизвикувач на главоболка. За да откриете која храна или алкохолен пијалок е предизвикувач на главоболката кај вас, потребно е да си водите дневник со тоа што сте консумирале оној ден, кога сте имале главоболка.
  2. Силна миризба. Силната миризба може да предизвика мигрена кај многу луѓе, без разлика дали е пријатна или не. Тоа најверојатно се случува, поради тоа што миризбата го стимулира нервниот систем. Најчесто извор на силна миризба е бојата, лакот, одредени цвеќиња или парфемите.
  3. Топло време. Кога се покачуваат температурите, се зголемува и ризикот од развивање на мигрена и други силни главоболки. Истражувањата покажуваат дека за секое покачување на температурата со 12.7°C, ризикот за појава на главоболка се зголемува со 7.5%.
  4. Аксесоари за коса. Начинот на кој што ја носите косата, може да биде причина за појавата на главоболка. Ако косата ви е фатена стегната во реп, скалпот се затегнува и тоа може да доведе до главоболка. Понекогаш и шарпите или венчињата за коса може премногу да притискаат врз скалпот и тоа да предизвикува непријатна болка. Ако тоа е причината за вашата главоболка, слободно пуштената коса веднаш ќе ви донесе чувство на олеснување и ќе ја сопре главоболката.
  5. Пушењето. Сите знаеме дека пушењето е добро познат предизвикувач на главоболка. Тоа важи не само за лицето кое ја држи цигарата, но и за сите околу него. Дури и да не сте пушач, треба да внимавате да сте заштитени и од пасивно пушење. Така ќе ја намалите веројатноста за појава на непријатна главоболка, која најчесто е на едната страна на главата.
  6. Лоша положба на телото. Кривите рамена, користењето на стол без потпора, работата на монитор кој е поставен премногу ниско или премногу високо, држењето на слушалката од телефонот помеѓу раменото и увото, се само дел од положбите кои многу често се користат од луѓето, а предизвикуваат главоболка. Ако често имате проблем со главоболката, обрнете внимание на положбата на вашето тело.
  7. Нередовно хранење. Главоболките предизвикани од глад, не се секогаш очигледни. Ако прескокнете некој оброк, може да почувствувате главоболка, уште пред да сфатите дека сте гладни. Причината за тоа е ниското ниво на шеќерот во крвта. Не се обидувајте да го задоволите гладот со чоколадо. Слаткото може краткотрајно да предизвика покачување на шеќерот во крвта и после уште поголем пад.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19740 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.