Витамин Ц

Зошто витаминот Ц е толку важен?

Витаминот Ц е вистински пријател на кожата. Исто како и витамините А и Е, витаминот Ц е силен антиоксиданс. Тој ја намалува штетата предизвикана од слободните радикали, ја заштитува кожата од сончевите зраци, помага во заздравувањето на раните и го подобрува тенот.

Храна богата со витамин Ц
Зелените зеленчуци, цитрусите, компирите, доматите и магдоносот се богати со витамин Ц.

Витаминот Ц, познат уште како аскорбинска киселина, помага во заздравувањето на коските, намалувањето на лошиот холестерол и нормализирањето на крвниот притисок. Дејствува превентивно во заштитата од рак, срцеви болести, склероза и артритис.

На сите нас добро ни е познато дека витаминот Ц го зајакнува имунолошкиот систем и не прави поотпорни на вируси и настинки. Затоа, во периодите кога настинките се честа појава се препорачува да се внесува витамин Ц.

Како да познаете кога имате недостиг на витамин Ц?

Некои од симптомите кои се појавуваат при недостиг на витамин Ц (хиповитаминоза Ц) се:

  • Слаб имунитет и склоност кон настинки и вируси;
  • Крвавење на непцата;
  • Болки во нозете;
  • Бавно заздравување на раните и коските;
  • Појава на флеки по кожата;
  • Анемија.

Дел од научниците сметаат дека не може да се развие хипервитаминоза Ц, затоа што дел од витаминот Ц се исфрлува преку урината. Но, последните истражувања во оваа област покажуваат дека има случаи на предозирање со витамин Ц. Некои од симптомите кои укажуваат на хипервитаминоза Ц се главоболка и стомачни тегоби.

Колку витамин Ц се препорачува да внесувате?

Препорачаните дневни потреби на витамин Ц варираат по пол и возраст.

Портокали
Витаминот Ц губи од својата вредност кога е изложен на висока температура, па затоа косумирајте го од свежа храна.
  • Деца (0-6 месеци) – 40mg
  • Деца (7-12 месеци) – 50mg
  • Деца (1-3 години) – 15mg
  • Деца (4-8 години) – 25mg
  • Мажи (9-13 години) – 45mg
  • Мажи (14-18 години) – 75mg
  • Мажи (19 години и нагоре) – 90mg
  • Жени (9-13 години) – 45mg
  • Жени (14-18 години) – 65mg
  • Жени (19 години и нагоре) – 75mg
  • Бремени жени (19 години и нагоре) – 85mg
  • Доилки (19 години и нагоре) – 120mg

Кога треба да примате дополнително витамин Ц?

Ако сте пушач. Докажано е дека секоја испушена цигара води до загуба на 10-30mg витамин Ц.

Ако редовно консумирате алкохол. Честото консумирање на алкохол води до загуба освен на витамин Ц, така и на многу други витамини.

Ако сте под емоционален стрес.

При активно спортување. Ако се занимавате со бодибилдинг, фитнес, бокс, лесна атлетика или друг спорт во кој се вложува голем напор, на вашето тело му е потребно дополнително количество витамин Ц.

Ако се храните со препечена или многу варена храна. Витаминот Ц губи од својата вредност кога е изложен на висока температура.

Во текот на бременоста. Во текот на бременоста потребно е да се внесуваат повеќе витамини, отколку во другите периоди од животот на жената. Витаминот Ц не е исклучок. Но, ако решите да примате витамин Ц како додаток во исхраната, прво консултирајте се со доктор.

Ако често употребувате аспирин.

Храна богата со витамин Ц

Витаминот Ц не се задржува долго време во нашето тело, па затоа треба да се внесува секојдневно. Тој е застапен во зелените зеленчуци, доматите, црвените плодови (капинки, малинки, боровинки), цитусите (портокали, лимони, грејпфрут), магдоносот, компирите и др.

При консумирањето на витамин Ц преку исхраната треба да внимавате, затоа што тој многу лесно губи од својата вредност во процесот на готвење. Витаминот Ц не е многу издржлив ниту на висока, ниту на ниска температура. Овошните плодови и зеленчуците готвени 10-20 минути губат половина од витаминот Ц кој што го содржат.

Затоа, зеленчуците и овошјето јадете ги свежи или гответе ги на пареа. Така ќе внесете максимално количество од овој толку важен витамин.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19740 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.