Почетна » Љубов и секс » Љубовни врски » Пред да започнете да живеете заедно

Пред да започнете да живеете заедно

Секоја врска треба да се развива. Живеењето заедно е логичен чекор, ако веќе сте во сериозна врска и планирате заедничка иднина. На нашите простори до пред неколку години ретко се среќаваа парови кои живеат заедно, а не се во брачна заедница. Денес работите започнуваат да се менуваат и сè повеќе млади парови решаваат да ја тестираат својата љубов преку големиот тест – живеењето заедно.

Пар пред својот нов дом
Пред да започнете да живеете заедно, бидете сигурни дека и двајцата го сакате тоа и решете ги сите проблеми кои ги имате.

Ако ја донесовте одлуката да започнете да живеете заедно со вашиот партнер, треба да знаете дека првите неколку месеци се најважни. Во тој период способностите кои сте ги развивале во врската како слушање, комуникација и компромис, се десет пати поважни. Еве што друго треба да имате на ум, пред да го направите овој важен чекор.

  • И двајцата треба да го сакате тоа. Ако започнувате да живеете заедно само поради тоа што ќе плаќате помалку кирија, размислете повторно. Двајцата треба да се согласите дека вашата врска треба да оди понатаму и да бидете сигурни дека сте подготвени за овој голем чекор.
  • Поставете правила. Секоја куќа треба да има свои правила. Поразговарајте за поделбата на обврските и за хигиената. Не е потребно да правите распоред, но секој треба да знае што е неговото задолжение.
  • Решете ги малите проблеми. Ако некои негови навики ви доаѓаат преку глава, разговарајте за тоа. Моменталното игнорирање на малите проблеми, нема да ги реши. Еден ден некој мал проблем ќе ја прелее чашата и ќе завршите со голема расправија.
  • Направете си ваше место. Фактот дека делите една адреса, не значи дека треба постојано да бидете заедно еден до друг. И двајцата понекогаш ќе сакате да останете сами во домот. Затоа создадете ваше место, простор каде ќе се чувствувате удобно сами.
  • Очекувајте проблеми. Како и секоја врска, живеењето заедно има свои добри и лоши моменти. Бидете подготвени дека ве очекуваат лоши денови, кога ќе се избегнувате еден со друг. Но, тоа не треба да ве поттикне веднаш да ги пакувате куферите за преселување.
  • Испланирајте си забава. Кога ќе живеете заедно, навистина ќе поминувате многу време заедно, но не заборавајте да се забавувате како порано. Договорете си ден во неделата во кој ќе излезете сами на вечера или кино. Смејте се многу и не заборавајте да уживате и во друштвото на вашите пријатели.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20779 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.