Почетна » Љубов и секс » Љубовни врски » 7 машки навики што жените ги мразат

7 машки навики што жените ги мразат

Немојте да се лажете дека мажите се помалку комплицирани од жените. И тие се чудо на природата. Но, ние жените повеќе се обидуваме да ги разбереме, па со тек на времето полесно ни е да го дешифрираме нивното однесување.

Маж и женаЖените се иритираат кога нивниот партнер ги игнорира додека гледа спортски натпревари или сурфа на интернет.

Иако најчесто можеме да се помириме со некои нивни постапки, постојат одредени работи кои што мажите ги прават, а нас нè вадат од такт. Еве некои од најиритирачките постапки на мажите:

  1. Зјапаат нападно во секоја привлечна жена. Не може да се очекува погледот на еден маж постојано да биде вперен само во неговата партнерка. На мажите во крвта им е да погледнат кога некоја убавица ќе помине покрај нив. Само што тие не знаат дека ние жените гледаме сè и го регистрираме секој нивно „шарање“ со очите. Постојат мажи кои дискретно знаат да го задоволат своето љубопитство. Но, има и такви што не знаат кога е доволно. Не постои жена која нема да се вознемири ако забележи дека нејзиниот партнер упорно фрла поглед кон некоја друга.
  2. Слушаат само кога им одговара. Мажите се навикнати во одредени моменти да се исклучуваат од реалноста, да одлетаат со мислите и да избираат да го слушнат само она што им одговара. Исто како да зборувате со ѕидовите кога на дневен ред се домашните обврски или попустите низ продавниците. Жените навистина повеќе зборуваат, но заслужуваат внимание.
  3. Очекуваат да им паднете в прегратка само затоа што ве честеле пијачка. Има мажи кои мислат дека со скапа облека, убав мобилен телефон и честење можат да ја освојат секоја жена. Денес, како униформа да стана носењето на костум за вечерно петочно излегување. Жената која знае што сака, никогаш нема да биде воодушевена од тие „трикови“ и нормално ќе биде вознемирена ако некој очекува нешто од неа само затоа што платил еден пијалок.
  4. Не забележуваат детали. Вие имате нова фризура, користите нов парфем или сте ослабеле 3 килограми, а не добивате ниту еден комплимент. Жените имаат поголема самодоверба кога ќе добијат комплимент, па кога ќе направат позитивна промена прво што сакаат е нивниот партнер да го забележи тоа.
  5. Се изолираат од сè друго кога се на компјутер или кога гледаат спорт. Никој не очекува мажите да се откажат од гледањето спортски натпревари, играњето видео игри или сурфањето на интернет. Но, на жените им пречи самиот факт што додека ги прават тие работи, мажите игнорираат сè останато.
  6. Не ги контролираат „машките постапки“. Некои сметаат дека тоа што се мажи им дава право да плукаат, постојано да пцујат, ждригаат или да се „местат“ таму долу, пред очите на својата партнерка или уште полошо – пред друштво. Освен што таквите постапки се знак на ниска култура, тие ја иритираат секоја жена.
  7. Забораваат важни дати. Нема изговор кој може да ја утеши жената ако нејзиниот партнер ѝ го заборавил роденденот или нивната годишнина. Денес постојат разни електронски потсетници кои можат да им се најдат на мажите со лоша меморија.

Се разбира, ова не важи за сите мажи. Секоја чест на исклучоците.

И ние жените си имаме свои навики и постапки кои не се прифаќаат од мажите со воодушевување. Но, тоа е друга приказна...

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19726 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.