Почетна » Љубов и секс » Љубовни врски » 7 идеи како да ја зачувате романтиката во врската

7 идеи како да ја зачувате романтиката во врската

Сите посакуваме врска како од романтичните филмови и секој ден да ни биде исполнет со нежности, романтични гестови и топли зборови. Но, реалноста е многу поинаква, барем за повеќето парови.

На почетокот најголем дел од мажите и жените со задоволство ја одржуваат врската возбудлива, но со текот на времето тој ентузијазам згаснува, а со него згаснува и креативноста за романтични гестови.

Пар што славиНе ја славете само вашата годишнина, туку и вашата „месечнина“

За да имате романтична врска во која долго ќе уживате, не е потребно многу. Единствено треба да имате желба, затоа што малите работи можат да ја распламтат страста како никогаш досега. Еве неколку идеи со чијашто помош ќе ја зачувате романтиката и блискоста со партнерот:

  1. Прославувајте ја вашата љубов секој месец. Не чекајте да дојде вашата годишнина за да наздравите за вашата љубов. Славете ја и секоја ваша „месечнина“. Секој месец на датата на којашто сте ја започнале врската вечерајте заедно на свеќи и наздравете со чаша вино. Нека биде тоа ваш мал ритуал кој нема да го прескокнувате.
  2. Гответе заедно. Сакате да пробате нов рецепт? Викнете го партнерот на помош и заедно обидете се да приготвите нешто специјално. Не е важно дали ќе успеете да го направите оброкот, важно е да се забавувате.
  3. Останете во темница. Изгаснете го телевизорот, компјутерот и сите светла, а запалете само неколку мали свеќи (колку за да можете да се ориентирате во просторот). Во темнината започнете разговор за вашата врска. Секој од вас нека ги каже работите кои му се допаѓаат кај другиот. Набрзо, разговорот може да стивне, а да се разгори вашата страст. Во темното ќе можете повеќе да се концентрирате на вашите сетила за допир и слух.
  4. Создајте си романтична плеј-листа. Направете плеј-листа од сите песни кои нешто ви значат (песната што била во позадина кога прв пат сте се бакнале, кога прв пат сте имале секс...) и додајте песни кои ви будат силни емоции. Секој викенд додека вечерате пуштете ги тие песни. Кога некоја од нив ќе ви здодее, заменете ја со нова. Музиката буди спомени и го зголемува интензитетот на емоциите. Секогаш кога ќе ги слушате тие песни ќе посакате да сте во страсна прегратка.
  5. Направете лотарија на места за излегување. Напишете ги на мали ливчиња сите места во вашиот град на кои имате желба да излегувате и ставете ги во некој сад. Секој викенд, прво облечете се, а потоа извлечете едно ливче. Излегувањето ќе ви биде поинтересно, а и нема да заглавувате секогаш во ист ресторан или кафуле.
  6. Подарете неочекувано. Подароците дадени без повод се често и најинтересни затоа што секогаш го кријат елементот на изненадување. Купете му мал подарок на партнерот и дајте му го кога најмалку очекува. Бидете убедени дека ќе сака да ви се заблагодари на уште поромантичен начин.
  7. Направете колаж од фотографии. Во денешно време сите ги чуваат фотографиите на компјутер и покрај тоа што печатените фотографии се секогаш поинтересни. Издвојте 20-тина фотографии кои овековечуваат значајни моменти за вашата врска (првата годишнина, првото патување...) и направете колаж.

Малите работи се многу важни за долгите врски. Тие го исполнуваат љубовниот живот, па никогаш нема да се почувствувате како нешто да ви недостига.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.