Почетна » Љубов и секс » Сингл » Како да флертувате без да изгледате очајно

Како да флертувате без да изгледате очајно

Кога повеќето од нас ќе помислат на флерт, си замислуваат жена со тесна облека и длабоко деколте, која им се смешка на секој слободен дечко во барот. Иако тоа е тактика за флертување на некои жени, постои и друг пософистициран начин да привлечете нечиј поглед.

Флертување
Не мора да бидете разголени или нападни за да привлечете нечиј поглед.
  • Облекувајте се со стил, а не разголени. Вашиот изглед зборува многу за вашиот карактер. Иако мажите сакаат да се загледуваат во жени кои откриваат многу од своето тело, тие не ги сфаќаат многу сериозно и имаат малку почит кон нив. Вие можете да изгледате секси и без да се разголувате. Стилна облека и ненападна шминка е сè што ви е потребно да ги украдете туѓите погледи.
  • Погледнете го во очите. Контактот со очите е одличен начин да му покажете дека сте заинтересирани, но не зјапајте предолго. Погледнете го за кратко и потоа свртете го погледот на страна.
  • Испратете му насмевка. Пријателската насмевка ќе му каже дека лесно може да ви пријде. Никој не сака да започне разговор со женска која е намуртена и арогантна. Изгледајте релаксирани, самоуверени и насмевнувајте се и со усни и со очи.
  • Започнете со едноставен разговор. Без разлика дали тој ќе ви пријде вас или вие нему, започнете со едноставен разговор. Можете да ја споменете музиката која во моментот ја слушате. Кога еднаш ќе започнете со разговор, ако има привлечност меѓу вас, веднаш ќе ја забележите.
  • Покажете го вашето чувство за хумор. Шегувајте се, така ќе направите поопуштена атмосфера и ќе ви биде полесно на двата да комуницирате.
  • Внимавајте на јазикот на телото. Јазикот на телото може да кажува повеќе од вашите зборови, иако вие може да не знаете каква порака испраќате. За да го покажете вашиот интерес можете да се наклоните кон него додека ви зборува или за кратко „ненамерно“ да го допрете на раката.
  • Бидете себе си. Доколку се обидувате да се прикажете во друго светло, ризикувате вашиот избраник подоцна да се разочара кога ќе ве запознае подобро. Освен ако не сте во потрага само по забава, најдобро е да бидете себе си.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19749 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.