Почетна » Љубов и секс » Секс » Митови за аналниот секс

Митови за аналниот секс

Аналниот секс предизвикува многу силни и спротивставени чувства кај жените. Додека едни го сметаат за возбудлив и нормален дел од сексуалната интимност, други го оценуваат како одбивен и понижувачки. И покрај лошиот глас што го бие овој тип на секс, тој станува сè попопуларен. Можеби тоа се должи на фактот што сè повеќе жени го практикуваат, или пак, на тоа што во денешно време не се срамат да го признаат тоа.

Женски задникАнусот е една од најчувствителните ерогени зони

Истражувањата покажуваат дека секоја четврта жена се впуштила во ваков сексуален акт, но сепак, голем е бројот на жените кои не сакаат да експериментираат поради митовите кои го опкружуваат аналниот секс. Еве неколку од тие митови, како и фактите кои се кријат зад нив:

1. Аналниот секс доставува многу повеќе болка, отколку уживање

Факт е дека сè што не е изведено правилно предизвикува болка. И при вагиналниот секс може да се појави болка доколку не сте опуштени и мускулите ви се стегнати. Аналниот секс не би требало да боли, т.е. ако боли, значи нешто не правите правилно.

Подготовката е од најголемо значење и ако се подготвите како што треба, болката воопшто не би требало да е присутна. Трите главни работи коишто треба да ги знаете пред да се впуштите во авантурата „анален секс“ се: релаксација, лубрикација и комуникација. Пред да почнете, бидете релаксирани за да се опуштат мускулите за полесна пенетрација. Користете доволно количество лубрикант и комуницирајте со партнерот. Упатувајте го и имајте ја вие контролата и болката не би требало да преставува проблем.

2. Анусот е нечист, а аналниот секс може да доведе до валкан неред

Многумина би го окарактеризирале анусот како највалканиот дел од телото. Уште од мали нè учеле дека анусот не смее да се допира, а доколку дојде до случаен контакт, задолжително треба темелно да се измијат рацете. Затоа, навикнати сме да мислиме дека анусот е многу повалкан отколку што навистина е.

Всушност, анусот е како секој друг дел од телото и сè додека одржувате беспрекорна хигиена, аналниот секс нема да предизвика никаков непосакуван неред.

3. Аналниот секс го практикуваат само хомосексуалците

Можеби поради општоприфатеното мислење дека само хомосексуалците го практикуваат овој вид на секс, се појавил некаков вид на хомофобија и токму поради тоа постои овој мит. Вистината е дека аналниот секс го практикуваат многу лица, без разлика на полот или сексуалната ориентација.

Во суштина, 60% од геј популацијата пробала анален секс, но помалку од 30% го практикуваат редовно, со тоа што повеќето се одлучуваат за орален секс.

Хетеросексуалните парови сè повеќе го практикуваат аналниот секс бидејќи сакаат да го зачинат сексуалниот живот, да експериментираат со своето тело и да откријат нови начини да ја подигнат возбудата. Аналниот отвор содржи голем број на нервни завршетоци чија стимулација овозможува големо задоволство, а тоа нема допирни точки со сексуалната ориентација.

4. Жените не го сакаат аналниот секс, туку го практикуваат само заради мажите

Најчесто жените започнуваат да експериментираат со аналниот секс по желба на мажите. Во реалноста не е реткост да се слушне приказна од типот: „Тој молеше, молеше, молеше, и таа реши да му ја исполни желбата“. Но, тоа не значи дека откако ќе пробаат, жените не го сакаат аналниот секс. Дури и постојат жени кои повеќе уживаат во аналниот, отколку во било каков друг тип на секс.

5. Аналниот секс не може да предизвика бременост

Да, навистина самиот анален секс не може да предизвика бременост. Но, по завршувањето на односот, можно е спермата да го пронајде својот пат до вагината. Поради тоа што анусот и вагиналниот отвор се многу блиску, може да дојде до протекување на спермата од анусот во вагината и да се оплоди јајце клетка. Шансите за забременување на таков начин се многу мали, но сепак, не може да се каже дека не постојат.

6. Аналниот секс е неприроден, анусот не е ерогена зона

Секој тип на секс што не вклучувал пенетрација на пенисот во вагината во одредено време се сметал за неприроден, перверзен и сл. Меѓутоа, со текот на времето табуата се рушат.

Многумина ќе речат: „Анусот е излезна врата, тоа е орган преку којшто организмот се ослободува од непотребните материи“. Но, и покрај таа намена, аналниот отвор е место на кое има огромен број нервни завршетоци кои можат да предизвикаат интензивно задоволство и кои го поставуваат анусот меѓу најчувствителните ерогени зони на човечкото тело.

Вие сами одлучувате за својата сексуалност и што ќе сметате за природно, а што не, но доколку се решите да го практикувате аналниот секс, најдобро е да се ослободите од предрасудите.

7. Аналниот секс може да доведе до фекална инконтиненција

Многу жени се плашат дека пенетрацијата на пенисот во анусот може да го зголеми аналниот отвор и да предизвика загуба на контролата кога ќе се појави потреба за празнење на цревата. Навистина постои ваков ризик, т.е. редовниот анален секс кога мускулите на анусот не се доволно опуштени или пенетрирањето во анусот со големи предмети може да предизвика олабавување на аналниот сфинктер. Тоа е мускул во вид на прстен кој се стега веднаш по дефекација. Сепак, овие непријатности можат да се надминат со отворена комуникација со партнерот и соодветна подготовка. Особено полезни се Кегеловите вежби, кои можат да го зајакнат аналниот сфинктер.

8. Аналниот секс е опасен и штетен за здравјето

Исто како вагиналниот и оралниот, така и аналниот секс си носи свои ризици. Постојат докази дека аналниот секс носи поголем ризик од пренесување на СПБ, како гонореја, херпес и ХИВ, отколку другите сексуални активности. Затоа, многу е важно да знаете како правилно да го практикувате и како да се заштитите.

Без разлика каков тип на секс имате, ако не сте сигурни дека вашиот партнер е целосно здрав, најефикасната заштита е користењето на кондом. Така ќе го спречите пренесувањето на инфекција или други сексуално преносливи болести. Исто така, важен е и изборот на кондом. Користете лубрицирани кондоми од латекс или од полиуретан, а избегнувајте ги кондомите со спермициди, затоа што може да предизвикаат иритација на чувствителното анално ткиво. За да не дојде до оштетување на кондомот, користете и лубрикант на база на вода. Доколку преминувате од анален на вагинален секс, партнерот задолжително треба да стави нов кондом, бидејќи во анусот има специфични природни бактерии кои не треба да дојдат во контакт со вагината.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20779 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.