Почетна » Љубов и секс » Секс » Желба за секс – мажи vs. жени

Желба за секс – мажи vs. жени

Желбата за секс е мистериозна, особено кај жените. Сте се запрашале ли некогаш зошто желбата за секс на вашиот партнер не се поклопува секогаш со вашата? Зошто тој сака да имате секс наутро, а вие обожавате да им се препуштите на авантурите под чаршафите само во одредени денови во месецот? Ако барате виновник за варирањето на желбата за секс, тогаш обвинете ги хормоните.

Маж и женаЖенското либидо се влијае од менструалниот циклус.

Кај жените нивоата на хормоните се променуваат во текот на менструалниот циклус, па и желбата за секс варира во текот на месецот. Од друга страна, машкото либидо се влијае од варирањето на нивото на тестостерон во текот на денот.

Сексуалната желба кај жените во текот на еден МЕСЕЦ

Сигурно многупати сте слушнале или прочитале дека женското либидо се влијае од менструалниот циклус. Еве зошто и како се случува тоа:

  • 1-7 ден. Во првиот ден од месечниот циклус, нивото на естроген и тестостерон се на дното, но само неколку часа по добивањето на менструација естрогенот започнува да се покачува. Како што изминува неделата, така нивото на тестостерон и естроген ќе се зголемува и ќе ви расте желбата за секс. Ако имате секс додека ви трае менструацијата, внимавајте на заштитата затоа што во тој период сте посклони кон инфекции.
  • 8-14 ден. Во текот на сите денови се покачува нивото на естроген и тестостерон. Напоредно со тоа се зголемува и желбата за секс. Високото ниво на естроген прави да сакате да флертувате, да бидете подружељубиви и поавантуристички настроени. Кон крајот на овој период желбата за секс е најголема, а сексот е поубав и оргазмите поинтензивни. Но, не заборавајте дека во овој период сте и најплодни.
  • 15-21 ден. Кон крајот на претходниот или почетокот на овој период настапува овулацијата. По овулацијата, нивоата на естроген и тестостерон започнуваат да опаѓаат, а нивото на прогестерон да расте. Кон третиот или четвртиот ден естрогенот започнува повторно да расте, но не за долго. Прогестеронот расте во текот на цела недела, па ќе почувствувате опаѓање на либидото и ќе ви биде потешко да достигнете оргазам.
  • 22-29 ден. Во текот на последната недела, нивоата на естроген, тестостерон и прогестерон опаѓаат. Намалувањето на естрогенот значи и намалување на хормонот на среќата, серотонин, па најверојатно ќе се чувствувате нерасположени. Многу жени имаат покачено либидо во овој период, затоа што ендометриумот (обвивката на матката) станува погуст и со тоа ги стимулира нервните завршетоци.

Сега сигурно не ви е чудно што кога сте во деновите околу овулација имате огромна желба да флертувате и да скокнете во прегратката на вашиот сакан.

Сексуалната желба кај мажите во текот на еден ДЕН

Сексуалната желба кај мажите најмногу се влијае од хормонот тестостерон.

  • Наутро. Нивото на тестостерон е највисоко, што значи дека и желбата за секс е најголема. Токму затоа мажите го обожаваат утринскиот секс, а нивната ерекција најчесто веќе е започната уште пред да ги отворат очите.
  • Попладне. Нивото на тестостерон може привремено да се покачи ако мажот гледа фудбал и неговиот тим победи, игра видео игри или пак вежба. Покачувањето на тестостеронот не трае долго (околу половина час), но е доволно за кратка авантура зад затворена врата.
  • Навечер. Нивото на тестостерон кај мажите опаѓа и тоа прави да се чувствуваат уморни и пасивни.

Совршено време за најдобар секс

Теоретски, за да го имате најдобриот секс, треба да имате односи утрото на 13-тиот ден од вашиот циклус, кога и двајцата ќе го чувствувате врвот на сексуалната возбуда.

Совет од експертите

Жените многу почесто страдаат од отсуство на желба за секс. Во врска со тоа, поголем дел од експертите сметаат дека треба да имате секс, дури и ако пред тоа не чувствувате некоја посебна желба.

Направете споредба со деновите кога по богатиот ручек имате за десерт чоколадна торта. По обилниот оброк мислите дека не ја сакате тортата, но откако ќе пробате барем еден залак, нема да можете да ја оставите за да не го прекинете уживањето.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19666 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.