Почетна » Љубов и секс » Секс » Возбудливи игри за стриптиз

Возбудливи игри за стриптиз

Многу лесно можете да западнете во замките на монотониот сексуален живот. За да го зачините вашиот сексуален живот и да ги запалите старите искри, пробајте некоја од следните секси стриптиз игри.

Секси игра
Зачинете го вашиот сексуален живот со некоја интересна игра за стриптиз.
  • Секси турнир во шах. Запалете ги свеќите, пуштете тивка музика и поставете ја таблата за шах. Започнете да играте. Кога ќе земете една од неговите фигури, бавно соблечете дел од неговата облека. Кога тој ќе ве надитри, за награда нека соблече дел од вашата облека. Не се знае дали некој од вас ќе направи шах-мат, но се знае каде ќе завршите вие двата.
  • „Дама“ од фантазиите. Прво и двата напишете на ливче една ваша фантазија. Секој од вас треба да носи на себе 4 нешта. Вие: маица, прслук, гаќички и панталони, а тој: долна маица, блуза, боксерки и панталони. Започнете да играте дама. Секогаш кога еден од вас ќе го прескокне другиот има право да соблече нешто од „губитникот“. Кога и двата ќе останете целосно голи, играта се менува. Сега ако го прескокнете него, можете да изберете или тој да направи нешто за вас или вие да му направите него. Играта продолжува до крај. Победникот како награда добива фантазијата (која претходно ја напишал) да му стане реалност.
  • Палави зарчиња. Еден од вас ги фрла заровите за да ја започне играта. Другиот треба да погоди дали збирот на заровите кои ќе ги фрли тој ќе биде поголем или помал од претходното фрлање. Секој што ќе згреши треба да соблече нешто од облеката.

Кој би очекувал дека игрите за забава можат да го разнообразат и зачинат сексуалниот живот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.