Почетна » Љубов и секс » Секс » 7 важни причини зошто да имате секс

7 важни причини зошто да имате секс

Заљубен пар во креветСексот го намалува стресот, ве прави посреќни и може да ви помогне да согорите некоја калорија.
  1. Ќе го заштитите неговото срце. Мажите, кои имаат секс 3 или повеќе пати неделно, го намалуваат на половина ризикот од срцев удар.
  2. Ја намалува болката. Доживувањето на оргазам го стимулира производството на ендорфин. Поголемото присуство на ендорфин во телото, ја намалува болката од артритис и менструалните болки.
  3. Го намалува стресот. Ако сте под стрес и изнервирани, наместо да му врискате на вашиот партнер без причина привлечете го во кревет. Сексот е одличен начин да ја намалите напрегнатоста и ви помага да се опуштите.
  4. Ве прави среќни. Сексот ве прави посреќни, отколку парите. Според истражување на Националното биро за економски истражувања во Америка, бракот во кој партнерите имаат редовно секс носи исто среќа, колку што и заработката на дополнителни 100 000 долари годишно.
  5. Ја зголемува самодовербата. Експертите тврдат дека ако сè оди по најдобар ред во спалната и вие го задоволувате вашиот партнер, ќе имате поголема самодоверба и во други сфери на животот.
  6. Го подобрува имунитетот. Ако имате секс најмалку еднаш или два пати неделно, тоа ќе го подобри вашиот имунитет за 30%.
  7. Ви помага да ја намалите тежината. Зошто да ги согорувате калориите од ужината во фитнес сала, кога тоа можете да го направите на забавен начин во креветот? Со едночасовен секс, вие ќе согорите во просек 150 калории.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19738 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.