Почетна » Љубов и секс » Проблеми во врската » Најчести проблеми во врската и нивно решение

Најчести проблеми во врската и нивно решение

Секоја врска има свои препреки, но за да одржувате силна и здрава врска, мора да се научите како да ги преминете. Ако ги препознаете проблемите, уште пред тие да се развијат, имате поголеми шанси да не дозволите да им попречат на хармонијата на вашата врска.

Љубовни проблеми
Комуникацијата, парите, довербата и сексот се најчестите теми за расправии.

За да бидете спремни, научете кои се најчестите проблеми и евентуалните нивни решенија.

Комуникацијата

Најголем дел од проблемите произлегуваат од недоволна и неефективна комуникација на партнерите. Не можете да сметате дека комуницирате, ако тоа го правите додека гледате телевизија или додека играте на својот мобилен.

Решение:

  • Издвојте си време за разговор. Ставете го мобилниот на вибрации, изгасете го телевизорот и препуштете се на разговор со вашиот партнер.
  • Ако не можете да дискутирате без да си го повишите гласот еден на друг, излезете и разговарајте на јавно место. Така ќе ви биде неудобно да го повишите гласот и ќе разговарате цивилизирано.
  • Поставете правила. Пример: да не се прекинувате еден со друг додека зборувате или да не употребувате навредувачки фрази.
  • Запомнете дека добар дел од комуникацијата е слушањето. Затоа, потрудете се јазикот на вашето тело да покажува дека внимателно го слушате мислењето на вашиот партнер. Не треба да гледате постојано во часовникот или да си ги правите ноктите. Едноставно гледајте го во очи.

Сексот

И партнерите кои се сакаат, може да не си одговараат во кревет. Но, тоа не треба да значи да се откажете од тоа задоволство. Сексот е многу важен за една врска, затоа што ги зближува партнерите и ја зајакнува нивната врска.

Решение:

  • Планирајте. Ставете го сексот на вашиот распоред. Тоа ќе ве стави во очекување и двата ќе бидете порасположени во текот на денот и ќе очекувате со нетрпение да дојде вечерта.
  • Експериментирајте. Спалната не е единственото место каде што можете да имате секс.
  • Научете што го возбудува него и дајте му го како подарок.

Парите

Проблемот со финансиите е многу сериозна тема, која не треба да ја одбегнувате. Многу врски и бракови се распаѓаат поради проблемите од овој тип. Не дозволувајте тоа да ви случи и вас.

Решение:

  • Бидете искрени еден со друг. Соочете се и двата со реалната ситуација во која се наоѓате. Ако продолжите со истото темпо на трошење, а сте во долгови, само ќе ја влошите ситуацијата.
  • Не се обвинувајте меѓусебно, за тоа кој троши повеќе, а кој помалку. Разговарајте кои се вашите приоритети и најдете компромис за тоа каде треба да се трошат парите.
  • Не кријте приходи или долгови од партнерот. Играјте со отворени карти. Прикривањето на вистината, секогаш води до поголеми проблеми.
  • Издвојте си лични пари и за двата, кои ќе можете да си ги трошите како што ќе посакате.

Довербата

Довербата е многу важен дел од една врска. Ако постои сомневање во една врска, тоа значи отсуство на доверба. А без доверба, вашата врска е осудена на пропаст. Вратете ја довербата во партнерот, пред да биде доцна.

Решение:

  • Не лажете. Дури и малите лаги можат да предизвикаат недоверба. Секогаш бидете искрени со партнерот.
  • Правете го тоа што сте го ветиле. Ако сте ветиле дека ќе му се јавете, направете го тоа. Така тој ќе има потполна доверба во вас.
  • Не бидете љубоморни. Љубомората е здрава за една врска, но кога е присутна во мала доза. Во спротивно, може да биде причина за рушењето на вашите односи.
  • Дајте му слобода. Не го заробувајте. Ако сака да излезе со другарите, вие не треба да правите скандал од тоа. Покажете дека му верувате, за тој да ви враќа со иста мера.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.