Почетна » Љубов и секс » Проблеми во врската » Зошто изневеруваат мажите?

Зошто изневеруваат мажите?

Многу често се пишат статии на тема зошто изневеруваат мажите, но од женска гледна точка. Новото истражување на советникот за брачни проблеми Гери Њумен, спроведено со учеството на 200 мажи, го одговара ова прашање од машка гледна точка.

Фатени во изневера73% од мажите имаат секс со другата жена дури еден месец откако ќе ја запознаат.

Спротивно на популарното мислење дека мажите изневеруваат главно заради сексот, ова истражување покажува дека дури 92% од мажите кои изневеруваат, не го посочуваат сексот како главна причина.

Еве кои се другите заклучоци од ова истражување:

  • 48% од мажите посочиле дека основната причина поради која изневериле е емоционалното незадоволство.
    Мажите се емоционални и сакаат жената до нив да им покаже колку многу ги цени и сака. Но, тие не го признаваат тоа толку отворено како жените. Жените кога сакаат нежност, ќе ја побараат, но мажите не го прават тоа. Затоа, не претпоставувајте дека тој знае колку го сакате и цените и покажете му.
  • 66% од мажите кои изневеруваат се чувствуваат виновни додека трае аферата.
    Всушност, 68% од мажите кои изневеруваат никогаш не помислувале дека би го направиле тоа и скоро сите од нив жалат што се решиле на таков чекор. Сепак, вината не е доволна за да ги спречи.
  • 77% од неверните мажи имаат пријател кој изневерува.
    Доколку во неговото друштво има мажи кои изневеруваат, изневерата за него станува нормална работа. Но, не можете да му забраните да се дружи со неговите пријатели кои се неверни. Најдобро е да му предложите да се дружат на места кои не би го искушувале и вашиот партнер.
  • 40% од мажите изневеруваат со љубовница која ја запознале на работа.
    Ако често споменува име на некоја колешка, можеби е потребно да се активирате. Поразговарајте и обидете се да извлечете повеќе информација, за да можете да си направите свои заклучоци. Најчесто другата жена е колешка која му дава пофалби и комплименти. Затоа, не дозволувајте вашиот партнер да почувствува дека не го цените доволно.
  • 88% од неверните мажи признаваат дека нивната љубовница не е позгодна или поубава од нивната партнерка.
    Овој факт го потврдува првиот заклучок, дека мажите не изневеруваат само заради сексот. Тие чувствуваат некаква поврзаност со другата жена, а сексот само е последица на тоа. Затоа, ако се плашите од изневера, фокусирајте се кон емоционалната поврзаност со вашиот партнер, а не ја барајте грешката во креветот.
  • 73% од мажите имаат секс со другата жена дури еден месец откако ќе ја запознаат.
    Само 6% од нив имаат секс истиот ден кога ја запознале. Тоа значи дека имате време да ги познаете знаците пред тој да ве изневери. Ако тој започне да поминува повеќе време на работа, да не иницира да водите љубов или почесто да си бара причина за кавга, време е за разговор. Поразговарајте за тоа како се чувствувате, покажете му дека го сакате и поминувајте повеќе време заедно.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19679 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.