Почетна » Љубов и секс » Проблеми во врската » 8 најопасни убијци на успешната врска

8 најопасни убијци на успешната врска

Да имате среќна, успешна, долга врска исполнета со почит, разбирање, љубов и желба за интимност не е нешто што се случува секој ден и ако го имате тоа, не треба да го земете здраво за готово. Навистина е важно да знаете што треба да правите за да ја одржите хармонијата во врската, но треба да знаете и што може да ја наруши и да го уништи она што се обидувате да го изградите.

Еве ги најчестите причини кои придонесуваат за распаѓање, дури и на најстабилните врски.

Несреќен парТишината можете слободно да ја наречете убиец на врската.
  1. Недостаток на комуникација. Проблемите во многу врски се директна последица од недоволна и неефективна комуникација. Тишината можете слободно да ја наречете убиец на врската, затоа што кога таа е присутна секој од партнерите започнува да живее во свој свет, без да има желба да го сподели со другиот. Премолчувањето на проблемите никогаш нема да придонесе за нивно решавање, туку само за нивно трупање. А, кога купот ќе стане преголем, започнува да ги гуши двајцата партнери и тие гледаат излез во прекинувањето на врската.
  2. Критицизам и сарказам. Критиките можат да бидат позитивно нешто, но ако еден од партнерите постојано го критикува другиот, без разлика дали е оправдано или не, се создава „наелектризирана“ атмосфера која со текот на времето има сè поголемо разорно дејство. Критиките и сарказмот може да бидат сфатени како понижување, недостаток на почит и предизвикуваат чести расправии. Лицето кон кое е насочена критиката има помала самодоверба и со текот на времето започнува да чувствува одбивност кон својот партнер, а тоа најчесто води до крај на врската.
  3. Контролирање на другиот. Ваквото однесување најчесто се појавува кај мажите, но често се случува и жените да го практикуваат. Тие сакаат да го знаат секој чекор на својата партнерка, поставуваат забрани за дружење со одредени пријатели, ги проверуваат телефонските повици... Тоа предизвикува чувство на омаловажување кај партнерот, страв да не направи нешто погрешно, лутина, па дури и одбивност. Со текот на времето се појавува и емоционална раздалеченост помеѓу партнерите и исчезнува сè што треба да има во една здрава врска.
  4. Преголема љубомора. „Љубомората во врската е како солта во храната. Малата доза ја зачинува, но преголемата го уништува задоволството и под одредени околности може да биде опасна по живот“. Овој цитат кажува сè. Љубомората во мала доза може да ја подобри врската, но кога ќе ја премине границата и ќе стане опсесивна, тогаш започнува да станува тивок убиец на врската.
  5. Физичка оддалеченост. Повеќето луѓе се скептични за одржувањето на врска на растојание. Колку и да постојат врски кои успеале да ја преодолеат физичката оддалеченост, сепак има и многу врски кои не успеале да опстојат преку жица. Ако оддалеченоста трае подолго време, тогаш секој од партнерите започнува да има свој живот и ги губи допирните точки со другиот. Само оној кој имал врска на растојание знае колку е тешко и колку често крајот е неизбежен.
  6. Различни карактери и различни цели. Да, спротивностите се привлекуваат, но има карактери кои се толку различни што ја поставуваат под знак прашалник хармоничната комуникација. Различните гледишта предизвикуваат чести конфликти и расправии, а тоа од своја стана води до неминовен крај. Различните цели се друг непријател на успешните врски. Ако сакате да постигнете сосема спротивни работи во животот, никогаш нема да се најдете на заеднички пат.
  7. Отсуство на компромис. Не постои врска во која сè е совршено. Секојдневно меѓу партнерите се појавуваат мали несогласувања и конфликти за проблеми кои треба да добијат решение. Ако еден од партнерите секогаш ја преголтнува својата гордост и го прифаќа мислењето на другиот, тогаш недостига компромисот. Како и во политиката, кога отсуствува компромис, не може да има ефективна комуникација и се руши основата за градење на успешна врска.
  8. Изневерување. Изневерата е врвниот убиец на врската и најголем дел од паровите никогаш не успеваат да ја преживеат. Чувството на измаменост и губењето на довербата се директни последици од изневерата и се огромна пречка за понатамошното функционирање на врската. Дури и врската да продолжи понатаму, секогаш меѓу партнерите ќе постои сомнеж и барем мала доза на недоверба, па во комбинација со друг мал проблем може лесно да дојде до распаѓање на врската.

Врските кои успеваат да опстојат и покрај заканата на некој од посочените уништувачи, ги учат партнерите како да се справуваат со секоја криза. Знаете како велат: „она што нема да ве убие, ќе ве направи посилни“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20123 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.