Почетна » Љубов и секс » Проблеми во врската » 8 навики што може да ја уништат вашата врска

8 навики што може да ја уништат вашата врска

Никој не е совршен, сите правиме грешки. Лошото е кога тие грешки ќе преминат во навика, затоа што тогаш започнуваат вистинските проблеми. Постојат некои навики кои не само што можат да предизвикаат големи непријатности во вашата врска, туку можат дури и да бидат причина за нејзиниот крај. Еве дел од нив:

Несреќна женаИако врската не треба да базира само на секс, сексуалната интимност е многу важна
  1. Немате доволно секс. Иако врската не треба да се базира само на секс, сексуалната интимност е многу важна. Сексот е начин за поврзување со партнерот. Колку често ќе имате секс, зависи од многу фактори. Но, во никој случај не треба да си дозволите да дојдете до момент кога либидото одамна ви исчезнало, а вие не се ни обидувате да си го вратите. Без страст ниту најсовршената врска нема да опстои.
  2. Ја игнорирате важноста на надворешниот изглед. Многу партнери кои се во долга врска или брак, по одреден период го запоставуваат својот изглед и свесно или несвесно не се обидуваат да го подобрат. Некои жени забораваат на својата линија, а некои мажи започнуваат да се „гордеат“ на својот пивски стомак. Не се лажете дека на вашиот партнер не му е важно како изгледате и дека му е доволна вашата внатрешна убавина. Мажите сакаат кога ќе ја погледнат својата партнерка да си помислуваат „со што ли ја заслужив?“, а не „ех, колку беше убава кога ја запознав“. Истото важи и за нас жените. Сигурно не сакате вашиот партнер да престане да се грижи за себе, затоа што така ќе сте помалку привлечени од него, а тоа порано или подоцна ќе започне да влијае на вашата врска.
  3. Дозволувате проблемите да останат нерешени. Ако ги оставате проблемите нерешени, а работите кои ви сметаат – некажани, сè со цел да избегнете расправии и да го зачувате мирот во врската, вие повеќе ја уништувате врската, отколку што ја зачувувате. Колку и да се мали проблемите, потребно е да ги решавате веднаш штом ќе се појават. Во спротивно, ќе стигнете до планина од нерешени проблеми кои кога-тогаш ќе застанат помеѓу вас и партнерот. Кога влегувате во расправија за да решите некој проблем, придржувајте се кон следните правила:
    • Земете го во предвид мислењето на вашиот партнер;
    • Не се обидувајте да бидете во право, обидувајте се да го решите проблемот;
    • Решавајте ги проблемите еден по еден;
    • Не се навраќајте на грешките на вашиот партнер од минатото со цел да поттикнете чувство на вина кај него.
  4. Сè ставате на кантар. Ако вие или вашиот партнер постојано премерувате кој што направил и колку пати, тогаш имате проблем. Доколку често пати слушате реченици од типот „вчера бевме излезени со твоите пријатели, денес ќе излеземе со моето друштво“ или пак „јас постојано правам романтични гестови, а ти само неколку пати досега“, потребно е да ја искорените таа навика. Во врската навистина треба да има рамнотежа помеѓу она што го прават и даваат двата партнери, но постојаните споредби ќе предизвикаат тензија и непријателски чувства меѓу вас, а тоа на никаков начин не може да е корисно за една врска.
  5. Шпионирате. Можеби си мислите дека е добро постојано да знаете што прави тој, со кого комуницира и за што, но вистината е дека колку повеќе знаете, толку повеќе ќе бидете љубоморни и посесивни. Шпионирањето на неговиот Фејсбук профил или неговиот мобилен телефон може да ве доведе до информации кои ќе ги интерпретирате на погрешен начин и кои ќе предизвикаат непотребна расправија. Шпионирањето е знак на немање доверба, а без доверба, секоја врска е осудена на пропаст.
  6. Се обвинувате помеѓу себе. Постојат луѓе кои за сè и сешто ги обвинуваат своите партнери. Навистина е полесно да го насочите прстот кон некој друг и да го обвините секогаш кога ќе се соочите со проблем, но тоа не е начин на којшто можете да одржувате здрава силна врска.
  7. Често уценувате или пак изнудувате нешто. „Ако денес дојдам да излеземе со твоите пријатели, утре ти ќе дојдеш со моите пријателки“, „ако ме сакаш, ќе правиш сè за да ми е мене убаво“. Овие реченици се знак на уценување и изнудување. Ваквото однесување, било да е од ваша, било да е од негова страна, може да предизвика многу фрустрации и негативни емоции кои може да бидат фатални за врската.
  8. Ги носите проблемите надвор од вашата врска. Често жените се склони да ги дискутираат и анализираат љубовните проблеми со своите женски пријателки. Но, колку што е тоа корисно, толку може да биде и штетно. Замислете си како би се чувствувале кога сите негови другари би знаеле за што се расправавте вчера и што сте кажале вие, а што ви кажал тој, особено ако се работи за поинтимен проблем. Колку повеќе луѓе вмешувате во вашата врска, толку покомплицирана стануваа таа и лесно може да се уништи.

Успешната здрава врска не се раѓа сама од себе. Таа се гради долг период, а за да ја зачувате цврста, потребно е да ја негувате цел живот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19728 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.