Почетна » Убавина и мода » Шминка » Вистинската боја на сенки за вашите очи

Вистинската боја на сенки за вашите очи

Очите имаат огромна улога во целосниот изглед. Нема подобар начин да ги истакнете вашите очи од употребата на убави сенки кои си одговараат со бојата на очите. Потрагата по идеалната боја на сенки за очи е долга и мачна, особено ако не знаете во која насока да тргнете.

Каква боја на сенки за очи треба да изберете зависи како од бојата на вашите очи, така и од тенот. Еве неколку совети што ќе ве упатат кон вистинските бои со кои вашите очи ќе ја покажат целата своја убавина.

Сини очи

Топлите нијанси на кафеавата боја и прасковата боја се идеални за да ги истакнете вашите очи. Исто така можете да користите сенки со розови нијанси. Тие ја истакнуваат убавината на сините очи. Избегнувајте сенки во сина боја.

Зелени очи

За да ги истакнете користете топли портокалово-кафеави нијанси. Силен ефект ќе постигнете и ако употребувате виолетови и пурпурни нијанси на сенки.

Кафеави очи

Ако имате кафеави очи, бидете среќни. Можеби не се толку уникатни како зелените или сините очи, но имаат и свои предности. Добрата страна на кафеавите очи е тоа што можете да користите било какви бои. Избегнувајте бела и жолта боја, затоа што тие прават вашите очи да изгледаат помали. Сите останати бои почнувајќи од лилава, сива, златна, кафеава и стигнувајќи до сина и зелена, ќе стојат прекрасно на вашите очи.

Независно од бојата на вашите очи, внимавајте кога употребувате розови сенки. Тие ги прават очите да изгледаат како потечени. Сообразувајте ја нијансата на сенките со вашиот тен. Ако имате потемен тен, користете потемни нијанси, а ако имате светол тен – светли нијанси.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.