Нов бран од возбудливи мејкап трендови гарантира освежување на лицето во текот на претстојните месеци. Дозволете ѝ на желбата за експериментирање да се развиори и дајте им шанса на клучните трендови да донесат нов момент во вашата рутина за разубавување.
Во новата dm look кампања, dm ви претставува 4 стилови на шминкање кои ќе бидат IN оваа сезона!
Сите видео туторијали можете да ги погледнете на официјалниот Youtube канал на dm: www.youtube.com/dmmakedonija
dm look: Smokey eyes
Како дел од вашиот вечерен „party“ стил доволно е да ги нагласите очите на вистинскиот начин и да станете ѕвезда на вечерта. Очите се во центарот на вниманието, додека останатиот дел од шминката е во заден план.
Трикот за постигнување на smokey eyes ефектот се крие во мешањето и сенчењето на различни нијанси на темни бои, со што вашиот поглед ќе добие подлабоки димензии!
Како до го постигнете овој изглед погледнете во видео туторијалот на dm и професионалниот мејкап артист Бојан Вукадинов:
Кои производи ви се потребни за овој изглед погледнете тука:
http://www.dm-drogeriemarkt.mk/mk_homepage/ubavina/dm-look-po-etni/dm-look-2/
dm look: Nude
Нежниот Nude look во различни варијации отсекогаш бил присутен на модните писти од Њујорк, преку Лондон, па сѐ до Милано. Се потенцира нежната и суптилна шминка, а во преден план се истакнуваат природните карактеристики на лицето.
И оваа сезона Nude Look-от е еден од најпопуларните стилови на шминкање, бидејќи не постои ништо попопуларно од природно руменило на образите, нежна нијанса на кармин на усните и нагласена сенка, која посебно ја истакнува убавината на очите!
Како до го постигнете овој изглед погледнете во видео туторијалот на dm и професионалниот мејкап артист Бојан Вукадинов:
Кои производи ви се потребни за овој изглед погледнете тука:
http://www.dm-drogeriemarkt.mk/mk_homepage/ubavina/dm-look-po-etni/dm-look-1/
dm look: Мат усни
Ништо не може да го истакне вашиот изглед како мат бордо кармин. Мат карминот е Must Have оваа сезона и мора да се најде во чантата на секоја жена. Заблескајте оваа есен со кармини во екстравагандни бои - боровница и црвено вино. Овој стил на шминка е идеален за деловните жени, како и за посебните вечерни пригоди!
Како до го постигнете овој изглед погледнете во видео туторијалот на dm и професионалниот мејкап артист Бојан Вукадинов:
Кои производи ви се потребни за овој изглед погледнете тука:
http://www.dm-drogeriemarkt.mk/mk_homepage/ubavina/dm-look-po-etni/dm-look-3/
dm look: Омбре усни
Сега, повеќе од кога било, се обраќа внимание на полни и сензуални усни. Акцентот се поставува на обликот и текстурата на усните, додека бојата на карминот е во втор план. Се поставува остра контура, текстурата може да биде мат или сјајна, а најмногу се нагласува преминот од темни кон светли нијанси. Овој тренд им дава волумен на усните, со што се создава една интересна игра од светла и сенки.
Како до го постигнете овој изглед погледнете во видео туторијалот на dm и професионалниот мејкап артист Бојан Вукадинов:
Кои производи ви се потребни за овој изглед погледнете тука:
http://www.dm-drogeriemarkt.mk/mk_homepage/ubavina/dm-look-po-etni/dm-look-4/