Почетна » Убавина и мода » Шминка » 5 грешки кои ги правиме во процесот на разубавување

5 грешки кои ги правиме во процесот на разубавување

Жените денес се преплавени со совети за убавина и во тој вртлог од информации лесно е да се занемарат оние совети од кои навистина би имале корист. Во текот на секојдневното разубавување, сите правиме одредени грешки кои мислиме дека не ни наштетуваат, кога всушност тие ни го отежнуваат постигнувањето на што попривлечен изглед.

Издвоивме неколку чести бјути грешки, како и совети за да ги поправите.

Убава женаНанесувајте регенератор само на врвовите на косата или на делот од косата под висината на која се наоѓаат ушите
1

Ставаме регенератор на целата коса, од корените до врвовите.

Зошто е грешка? Регенераторот не е шампон за коса и не треба да се користи на ист начин. Ако редовно ставате регенератор на целата коса, на скалпот ќе се натрупаат „остатоци“ кои ќе предизвикаат вашата коса да изгледа сплескано. Друг проблем е што косата побрзо ќе ви се мрси и ќе биде неопходно да ја миете почесто, особено ако имате мека коса. Жените со кадрава коса кои користат регенератор на целата должина на косата, може да забележат дека локните ја губат својата форма во близината на корените.

Совет: Нанесувајте регенератор само на делот од косата под висината на која се наоѓаат ушите. На овој начин ќе го зачувате волуменот по којшто копнеете, а освен тоа и ќе заштедите пари.

2

Споделуваме шминки со пријателки.

Зошто е грешка? Одговорот е едноставен – со размената на шминките, вие си разменувате и бактерии и вируси. Треба да бидете особено заштитнички настроени кон вашата маскара, моливите за очи и кармините. Доколку ѝ ги позајмите на ваша пријателка, може да завршите со инфекција или воспалување на окото, или пак, со херпес на усните. Преку маскарата или моливот за очи можете да се заразите со конјунктивитис или „розово око“, кој се манифестира со зацрвенување на белката на окото. Иако вашата пријателка нема симптом на „розово око“, таа сепак може несвесно да ви предизвика воспалување. Разменувањето на кармин со пријателка која има вирус херпес симплекс може да предизвика и вие да го добиете вирусот. И во овој случај, не е неопходно на нејзините усни да има видливи меурчиња за вие да настрадате.

Совет: Можете да ги споделувате вашите тајни со пријателките, но како што ќе ви каже и секој дерматолог, никогаш не треба да ги споделувате шминките. Доколку не сте можеле да се извлечете и сте ѝ позајмиле некој мејкап производ на ваша пријателка, се препорачува при првата прилика да го „исчистите“. Ако се работи за молив за очи, наострете го со острилка. Доколку се работи за сенки за очи или кармин, земете салфетка и со неа поминете по површината.

3

Се напрскуваме со парфем точно пред да излеземе надвор.

Зошто е грешка? Колку и да внимавате, ако се напрскате со парфем откако комплетно сте се дотерале, дел од него ќе заврши на облеката. Не само што парфемот може да остави дамки по алиштата, туку и ќе ја промени својата арома и може да стане непријатен. Сите парфеми се формулирани со цел да бидат нанесувани врз кожа, а не врз какви било ткаенини.

Совет: Пред да се облечете, нанесете малку парфем на пулсните точки – зглобовите на рацете, зад усните ресички, долниот дел на вратот. Правило е да не ги триете зглобовите на рацете еден од друг по ставањето парфем.

4

Нанесуваме пудра без да почекаме да се исуши хидратантниот крем.

Зошто е грешка? Ставањето пудра врз лице на кое има недосушен крем може да предизвика флеки, затоа што пудрата на некои места ќе биде поразредена, а на други поинтензивна. Освен тоа, може да биде намалена покриеноста која ја нуди пудрата и несовршеностите по кожата да станат повидливи.

Совет: По нанесувањето на хидратантен крем, почекајте барем една минута пред да ставите пудра. Ако навистина немате време, земете еден тенок слој од салфетка и нежно притиснете го на лицето за да го впиете кремот, а потоа продолжете со шминкање.

5

Ги кубеме веѓите стоејќи премногу блиску до огледалото.

Зошто е грешка? Кога стоите премногу блиску до огледалото, се концентрирате на секое влакненце одделно, наместо на целосната форма на веѓите. Па, како резултат на тоа, голема е веројатноста да искубете повеќе отколку што е потребно.

Совет: Додека ги оформувате веѓите, треба да го гледате целото лице за да можете да ја прилагодите формата на веѓите на останатите црти на лицето. Затоа, најдобро е да не го правите тоа гледајќи се во огледало кое зголемува, туку пред обично огледало поставено во светла просторија. По скубнувањето на секои две влакненца, оддалечувајте се од огледалото за да видите како напредувате и за да можете навреме да извршите корекции.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.