Почетна » Убавина и мода » Тело » 10 совети за убавина од докажани експерти

10 совети за убавина од докажани експерти

Кој ќе ви даде подобар совет за разубавување од луѓето кои цел свој живот го посветиле на шминката и негата на женската убавина?

Убава жена

Еве неколку совети од светски познати експерти за убавина:

  1. Помалку брчки со свилена навлака за перница. Многу експерти препорачуваат да се користи свилена навлака за перница. Таа ќе ви помогне да ја зачувате влажноста на кожата, а и да се минимизира збрчкувањето на кожата во текот на спиењето, што резултира со помалку брчки и фини линии по кожата.
  2. Солена вода за кожа без акни. Растворете сол во топла вода и во солениот раствор потопете крпа. Подисцедете ја крпата и поставете ја на вашето лице. Мирувајте 10-15 минути, а потоа измијте го лицето со млака вода. Овој трик можете да го користите и за акни на градите и грбот.
  3. Крај на разлетаната коса. Ако имате разлетана коса и не сакате да користите производи за стилизирање, исцедете лимон во вашиот шампон или регенератор. Сокот од лимон ќе ја направи вашата коса помазна и помека.
  4. Модерна фризура „високо клопче“. Кога ја врзувате косата високо на главата во „клопче“, потребно е да постигнете контраст помеѓу замазнетата коса и косата во самото клопче, т.е. косата која лежи на главата треба да биде убаво замазнета и сјајна, а клопчето – бушаво, несредено и диво.
  5. Совршено коњско опавче. Најдобриот начин да ја соберете косата во коњско опавче е да легнете на кревет на грб, така што главата ќе ви виси од работ на креветот. Доколку сакате да постигнете идеално замазнета фризура, најпрво намокрете ја четката за коса, а потоа со неа зачешлајте ја косата наназад.
  6. Бушави веѓи. Земете стара четка за заби и прснете ја со лак за коса. Потоа поминете со четката низ веѓите. Лесно ќе можете да ги фиксирате и да направите да изгледаат средено.
  7. Долготраен кармин. Дури и долготрајните кармини може да избледнат по неколку часа или уште полошо, може да ги снема на одредени делови на устата, па да добиете шарени усни. Затоа, откако ќе го нанесете првиот слој кармин, поставете на усните тенко парче салфетка, врз неа ставете пудра во прав и со прстите нежно тапкајте. Салфетката ќе послужи како филтер и само мал дел од пудрата ќе се најде на вашите усни, доволно за да го фиксира карминот. Потоа нанесете уште еден слој кармин.
  8. Искористете ја маскарата докрај. Ви привршува маскарата и тешко ви е да нанесете добар слој? Ставете ја маскарата во чаша со топла вода и оставете ја да стои 2 минути. Топлината ќе ви овозможи лесно да нанесете слој на вашите трепки.
  9. Подолготраен лак за нокти. Пред да се лакирате, потопете ги рацете во топла вода и исчеткајте ги со мала четка. Со тоа ќе ги елиминирате сите остатоци од отстранувачот на лак и природните масла кои придонесуваат лакот побрзо да се оддели од ноктите. Така, нанесениот лак ќе трае подолго.
  10. Романтичен сјај на лицето. Ако сакате вашето лице да блеска, искористете безбоен балсам за усни. Нанесете балсам на испакнатиот дел веднаш под веѓата и над јаболкниците кај слепоочниците за да ги истакнете очите. Доколку сакате малку заруменети образи, измешајте кремасто руменило со малку балсам и нанесете го на образите.

Пробајте ги советите! Нема да зажалите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.