Безгрижност, ведрина, позитивност и ноншалатност владеат во текот на летните месеци, а тоа се отсликува и во нашиот стилски репертоар.
Освен што обожаваме да експериментираме со поживи бои во облеката, кулминира желбата да внесеме малку колорит и на ноктите.
Неонски нијанси, динамични цветчиња, апстрактни линии, разнобојни геометриски форми... инспирацијата за забавни маникири е бескрајна и вам ви преостанува само да си изберете омилен.