Белиот маникир таи безвременска привлечност и непрекинато си пронаоѓа фанови низ годините, а и за ова лето се оцртува како неспорен хит.
Фантастично го истакнува потемнетиот тен и одговара на секоја модна комбинација, па не е тешко да се увиди зошто со леснотија си ја одржува популарноста.
Независно дали ќе изберете млечно бел маникир или дезен со извртени линии, или пак, ќе го искомбинирате белиот лак со друга боја за ефектен изглед, едноставно не можете да погрешите.
А доколку ви е потребна нова инспирација, ќе ја пронајдете во продолжение: