Почетна » Убавина и мода » Тело » Конечно спас од влакната: 6 месеци користам Philips Lumea, ова се резултатите и впечатоците

Конечно спас од влакната: 6 месеци користам Philips Lumea, ова се резултатите и впечатоците

Пред нешто повеќе од шест месеци првпат дојдов во допир со Philips Lumea Prestige, уредот за ослободување од влакната кој ветуваше многу, одговори на моите оптимистички очекувања и стана незаменлив дел од мојот козметички арсенал.

Како што се нижеа третманите со Philips Lumea, така влакната се проретчуваа. А сега, со неприкриена насмевка можам да споделам дека увидувам намалување на влакната за 80-85%. Оние малку тврдоглави влакна кои повремено никнуваат се многу нежни и тенки, едвај видливи и растат забележително побавно од претходно. Повеќе за моите први третмани и за уредот можете да прочитате тука.

Philips Lumea

Свиленкасто-мазната кожа сега бара од мене само повремено одржување, што ми подари екстра слободно време. Philips Lumea дефинитивно е уред кој остварува женски мечти и скратува женски маки.

Philips Lumea

Пред Philips Lumea, бев приврзаничка на класичната депилација со топол восок. Што значи секогаш требаше однапред да планирам и да ја темпирам депилацијата во однос на празниците, одморите, свадбите... (сите важни настани каде сакаш да се покажеш во најдобро светло). Дополнително фрустрираше и фактот што морав да чекам влакната да подраснат доволно за да ги „фати“ восокот, па нормално, во одредени периоди се чувствував влакнесто како Јети. А, да не зборувам за тешко подносливата болка и нередот при самата депилација.

Сега, сите тие грижи ми се минато. Огромно олеснување во животот е кожата секогаш да ти е подготвена за фустанче или здолниште и да не се замислуваш колку високо да ги подигнуваш рацете во однос на состојбата на пазувите. Нема хаос, нема болка, речиси и нема влакна.

Philips Lumea

Го користам уредот на нозете, рацете, пазувите и препоните. Но, моделот Philips Lumea Prestige може да се употребува и за други проблематични области како стомак и лице (брадичка, над усните, бакенбарди). Сега ја одржувам мазната кожа со по еден третман месечно. За само околу 30 минути ги поминувам сите делови, при што внимавам околу бенките. Брзо, лесно и безболно!

Резултатите ги надминаа моите очекувања уште во фазата на тестирање, а моментално, за време на одржувањето, пресреќна сум што можам да кажам дека најголем дел од влакната исчезнаа. Конечно спас од несаканите влакна без болка. Искрено заборавив колку многу ми беа влакнести нозете, па кога пред неколку дена ги гледав фотографиите за споредба, по не знам кој пат ме изненади разликата.

Philips LumeaЛево: Пред третманите Десно: По 6 месеци користење

Топлите препораки за користење на Philips Lumea природно истекуваат од мојата уста. Повеќе мои пријателки и роднини веќе ги имаат видено на своја кожа придобивките и често вртиме муабети за тоа колку чести ни се сеансите со уредот и на кои сè области го имаме тестирано. Нивните искуства ми се уште еден доказ за ефективноста на IPL технологијата врз која се базира Philips Lumea.

Доколку сте заинтересирани, повеќе информации за уредот можете да најдете тука.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.