Комерцијален текст
Можеби малкумина ја познаваат како Христина, но ако кажеме @Kika Aveiro, веднаш ни се појавува пред очи слика на препозитивна, црвенокоса, самоуверена и прекрасна девојка која знае што сака, и уште поважно, умее како тоа да го реализира.
Нејзината дружба со Lumea започна во април годинава и дојде сосема природно, некако како НЗС на нејзината индивидуалност и чувството на задоволство во сопствената кожа и моќниот и ефикасен уред кој го решава проблемот со несаканите влакна кај повеќе од 3 милиони жени во светот!
Или, како што вели таа „жената има право да одбере што да прави со своето тело, и не, не е заради тоа што така налагаат “нормите“ за убавина или заради што ќе речат луѓето, туку заради моето внатрешно чувство. И сакам тоа чувство да го имам постојано и постојано кожата да ми биде мазна“
За нејзиното запознавање со Lumea-та, таа вели: „Ја гледав подолго време по Instagram кај неколку девојки, но не бев баш запознаена со тоа како функционира и искрено бев малку скептична за резултатите кои девојките пишуваа дека ги добиле. Си велев - Ја рекламираат, нормално дека ќе ја фалат и ќе викаат дека имале неверојатни резултати. Кога ме исконтактираа, првото нешто што го кажав беше дека ќе се согласам само доколку може да ја пробам, па да го кажам моето најискрено мислење без разлика дали е позитивно или негативно.
Што ти беше првото што ти падна на памет кога виде дека постои решение за долготрајно мазна кожа?
Yes, please! Секогаш се залагам за тоа дека жената има право да одбере што да прави со своето тело, а нормално, тука спаѓа и изборот што да прави со влакната на своето тело. Секој одлучува за себе. Кога ќе видам девојка да се прошета со влакнести нозе велам - Браво, не е ништо срамно и мене воопшто не ми било срам да облечам нешто кратко и кога не ми биле издепилирани нозете, но морам да признаам дека јас лично за себе преферирам да немам влакна. Не заради тоа што така налагаат светските “норми“ за убавина или заради што ќе речат луѓето, туку заради моето внатрешно чувство. И сакам тоа чувство да го имам постојано и постојано кожата да ми биде мазна.
Инаку, претходно размислував за подолготрајно решение од типот на ласерско отстранување, но ми изгледаше како доста скап и болен процес, некако цело време одложував. Се депилирав и најмногу ми пречеше колку долг процес беше тоа. Јави се да закажеш, па нема термин, па имало слободно место за една недела од сега, па ставај потсетници за кога треба да одиш бидејќи си закажал термин за којзнае кога, или ако ти е нешто итно се јавуваш во 5 други салони и на крајот, го удираш бричот....хахахахах
Сериозно, навистина сум среќна што сега го најдов ова решение.
Кои зони ги третираш и по колку третмани забележа ВИСТИНСКА разлика во поглед на намалување на растот на влакната?
Сите, секаде, сѐ. Ја имам најновата Lumea која има 4 додатоци и ги користам сите – на нозете, рацете, надусниците, под пазувите, бикини зоната. Инаку, по природа сум просечно влакнеста, ни премногу ни премалку, а забележав изретчување уште по првиот третман! Денес, еден месец од првиот третман немам влакненце видено на себе. Секаде имам одлични резултати, а особено сум среќна за резултатите под пазувите бидејќи претходно навистина не можев да ги поднесам и малку да ми се пораснати, ги поминував со брич буквално секој ден, секое туширање. Исто така, сум многу задоволна од резултатите нанадусниците и особено влакненцата на брадата што исто така не можев да ги смислам.
Јас сум презадоволна и навистина многу позитивно изненадена!
A, уште една работа што ја забележав е дека кожата ми е многу помека.
Дали боли?
Прво нешто многу важно е дека е сосема безболно и пријатно. Самиот третман воопшто не боли доколку се придржуваме до дадените инструкции. Инструкциите се дека пред употреба треба да ги отстраниме влакната (дали со депилација или бричење сеедно) и да не го употребуваме уредот на места каде што имаме темни бемки или тетоважи. Доколку се придржувате до ова, воопшто нема ни да го почувствувате третманот. Мене ми се случи првиот пат да останале по едно две влакненца овде онде и кога поминував преку нив почувствував малку повеќе топлина, но реално, дефинитивно ништо во споредба со болката при депилација.
Искрено, пред да го пробам мислев дека нема шанси да не ме заболи или да не почувствуваш некаква непријатност, но бев навистина пријатно изненадена.
За крај, која е вашата препорака за оние кои се уште се двоумат дали да ја купат?
Мислам дека дефинитивно нема да згрешите ако ја купите. Доколку и вие како мене поубаво се чувствувате со мазна кожа и редовно се депилирате топло ја препорачувам. Да, можеби изгледа како малку поголема инвестиција, но направете ја математиката колку пари давате секој месец на депилација плус колку непријатности и болка има во тој процес. Навистина вреди да ја направите инвестицијата, да ја имате Lumea-та дома, да ја користите кога сакате и без никаква болка. Плус што за некое време влакната се намалуваат толку многу што ќе треба по само еден третман годишно да правите, плус можете да ја купите заедно со сестра/мајка/братучетка...
Ете што мислам до сега, а секако ќе ги споделам и импресиите од наредните третмани.
Дознајте повеќе за Philips Lumea овде>>>