Класичниот француски маникир поседува безвременска привлечност, но може да делува монотоно и здодевно, особено кога сакате повпечатлив изглед на ноктите.
Со будењето на природата, живнуваат боите низ облеката, а стануваат поактуелни поколоритните маникири.
Заменете ја белата линија, која е типична за францускиот маникир, со поефектни нијанси и форми, за да добиете модерна верзија што ќе ви внесува ведрина во секојдневието.
Никогаш не е доволно од идеи, па во продолжение сигурно ќе пронајдете инспирација за следното разубавување на рацете.