Почетна » Убавина и мода » Лице » Домашни маски за зимско освежување на кожата на лицето

Домашни маски за зимско освежување на кожата на лицето

Екстремно ниските температури, студениот ветер и отсуството на сонце во текот на зимските денови предизвикуваат кожата на лицето да стане побледа и да го изгуби свежиот младешки сјај. Покрај тоа, кожата ја губи влажноста и поради константното преминување од студено во затоплени простории, па започнува да се суши, а во некои случаи и да се лупи.

Зимска нега на кожата

Негата на кожата во зима е задолжителна и во ниту еден момент не треба да биде занемарена. Освен редовната употреба да хидратантен крем, препорачливо е најмалку еднаш неделно да си направите природна маска за лице. Еве неколку рецепти за нежна нега на кожата без користење на хемикалии:

Сува кожа: маска од авокадо, морков и маслиново масло

Сувата кожа е најзасегната од зимскиот студ. За да го освежите, омекнете и разнежните вашето лице, направете си маска од најпрепорачливата состојка за нега на сува кожа – авокадото.

Сварете го морковот и испрасирајте го. Издлабете го авокадото, помешајте го со морковот, додајте една лажичка маслиново масло и добро испрасирајте ја смесата.

Нанесете ја маската на чисто лице и оставете ја да стои 15 минути. Измијте со млака вода.

Мрсна кожа: маска од тиква, лимон, мед и јајце

Мрсната кожа е голем предизвик во кое било годишно време, не само во зима. Еден од најдобрите домашни третмани за мрсна кожа е маската со тиква. Тиквата е богата со цинк, кој ја контролира масноста на кожата и помага во намалувањето на видливоста на флеките од акни. Тиквата овозможува и нежна ексфолијација на кожата, без да се користат абразивни честички.

  • 2 големи лажици ситно рендана тиква
  • 1 мала лажичка сок од лимон
  • 1 белка од јајце
  • 1 голема лажица мед

Во мал сад измешајте ги состојките и промешајте добро со виљушка или миксер. На чиста кожа нанесете тенок слој од смесата, избегнувајќи ја областа околу очите. Оставете ја маската да дејствува 15-20 минути.

Нормална кожа: маска од лимон и јогурт

Исчистете ги порите на лицето на природен начин со помош на мешавина од сок од лимон и јогурт. Невообичаената смеса ќе ви помогне да добиете почиста и посвежа кожа на лицето.

  • 1 мала лажичка сок од лимон
  • 2 мали лажички јогурт

Откако ќе ги измешате јогуртот и сокот од лимон, нанесете ги на кожата со кружни движења. Нежната масажа ќе ви помогне и да ја подобрите циркулацијата и да се здобиете со здрав блесок. Оставете ја маската на лицето 10-тина минути.

Комбинирана кожа: маска од мед и сок од портокал

Комбинираната кожа е проблематична бидејќи различните делови од лицето треба да се негуваат на посебен начин. Ако користите средства кои премногу ја сушат кожата, оние делови од лицето каде што кожата е посува во текот на зимата може да се зацрвенуваат и да се лупат. Маската со портокал и мед ќе ви помогне да ја омекнете и затегнете кожата на лицето, без да ги иритирате сувите делови.

  • 1 голема лажица мед
  • 1 голема лажица сок од портокал

Затоплете го малку медот за полесно да го измешате со сокот од портокал, а потоа нанесете тенок слој на лицето. Оставете ја маската десетина минути. Измијте со млака вода.

За сите типови кожа: маска од јаболко, морков и маслиново масло

Доколку сакате нежен третман за вашата кожа, направете богат микс од јаболко, морков и маслиново масло.

  • 2 големи лажици ситно рендано јаболко
  • 2 големи лажици ситно рендан морков
  • 1 мала лажица маслиново масло

Затоплете го маслиновото масло, но внимавајте да не биде жешко. Додајте ги морковот и јаболкото и измешајте. Нанесете ја маската на чиста кожа и оставете ја да дејствува дваесетина минути. Измијте со топла вода.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.