Почетна » Убавина и мода » Лице » Козметичарка на славни личности, меѓу кои Меган Маркл, споделува домашни маски за блескава кожа

Козметичарка на славни личности, меѓу кои Меган Маркл, споделува домашни маски за блескава кожа

Славните личности имаат на дофат на рака прескапа препаративна и декоративна козметика, соработуваат со врвни козметичари и имаат пристап до најнапредните технолошки третмани. Но, честопати ја негуваат кожата и со природни состојки кои можат да се најдат во кујната.

Никола Џос, козметичарка на многу славни личности како Меган Маркл, Гвинет Палтроу и Пријанка Чопра, сподели кои намирници ги преферира за креирање на домашни маски за блескава кожа.

„Домашните маски за лице се неверојатни и потполно ги одобрувам. Лесни се, бесплатни и имате целосна контрола врз состојките кои ги ставате на кожата. Токму затоа, повеќето од моите клиенти ги обожаваат“ – изјави таа за Refinery29.

Меган Маркл

Кокосово масло

Џос вели дека кокосовото масло е фантастична основа за домашни маски, затоа што лесно се меша со други состојки. Исто така, кокосовото масло може да се користи и самостојно и на кожата и на косата.

Домашни маски

Куркума

„Куркумата е одлична состојка со многу бенефиции за кожата. Смирува и помага за намалување на воспалението и затнувањето на порите. Куркумата помешана со кокосово масло е едноставен рецепт за поблескава и хидрирана кожа“ – советува Џос.

Внимание: Доколку користите куркума за нега на кожата, имајте на ум дека оваа состојка може да предизвика привремено обојување.

Домашни маски

Овесни снегулки

„Овесните снегулки се нежни за ексфолијација и прават чуда на кожата кога се изблендирани со течна база како кокосово масло или мед“ – порачува таа.

Домашни маски

Мед

Џос го препорачува медот за смирување на иритирана и сува кожа и вели дека најдобра комбинација е да се изблендира мед заедно со овесни снегулки.

Домашни маски

Белка од јајце

Посакувате блескава кожа со здрав младешки сјај? Џос е категорична дека белката од јајце е фантастичен сојузник во постигнувањето на таа мисија.

Домашни маски

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19661 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.