Деликатна елеганција и суптилен гламур владее низ новите колекции на врвните модни куќи посветени на свадбената мода.
Во изминатата седмица преку бели ревии во Њујорк и магични презентации беа претставени колекциите невестински фустани за сезоната пролет 2017.
Каролина Ерера ги истражуваше романтиката и женственоста во нови форми, Џени Пекам со скромни силуети ја долови својата рустична свадбена визија, Моник Лулие се раководеше од замислата за жена која трча низ градина, Ангел Санчез гравитираше околу идејата за традиционални фустани со модерни детали, а Наим Кан се инспирираше од комплексноста и мистичната убавина на индиската облека.
Во продолжение ќе ги пронајдете најдобрите креации од невестинските колекции.