Дозволете му на Лоренцо Роси да ве придобие со невестинска магија. Новата колекција на италијанскиот дизајнер е инспирација за модерните невести.
Според Роси, совршената невеста изгледа истовремено неодоливо и смело – таа е шармантна и волшебна, со намера да освојува и заведува.
Венчаниците од колекцијата 2017 пленат со луксузни ткаенини и занесни силуети кои ѝ овозможуваат на женската фигура да дојде до израз. Префинетите везови и детали им даваат комплексност и интригирачки изглед на фустаните.
Погледнете ги линиите „Devine Affection“ и „Desert Mistress“.