Почетна » Убавина и мода » Мода » Париската недела на модата – колекции есен/зима 2013-2014

Париската недела на модата – колекции есен/зима 2013-2014

Модното лудило ги обиколи четирите најголеми центри на модната индустрија и стивна по бројните ревии, аплаузи, пофалби и критики. Градот на светлината ги тргна завесите на модниот месец, откако низ него беа презентирани најновите колекции на модни куќи како Шанел, Валентино и Луј Витон. Погледнете што понуди Париз за сезоната есен/зима 2013-2014.

Кристијан Диор

Раф Симонс ја истражуваше практичната страна на Диор со колекција во која отсуствуваше гламурозната вечерна облека. Новиот креативен директор на француската модна куќа на имагинативен начин ги донесе во 21. век дамските силуети од 20-тите и 50-тите години на минатиот век.

Особено впечатливи беа фустаните со слики од големиот уметник Енди Ворхол. „Ме заинтересира деликатноста и сензитивноста во неговата работа“ – изјавил Симонс.

Dior Dior

Валентино

Креаторското дуо составено од Марија Грација Киури и Пјер Паоло Пичоли уште еднаш ја покажа на дело способноста да го претвора старомодниот изглед во заводнички. Инспирирани од сликарството на врвните мајстори како Јоханес Вермер, Марија и нејзиниот партнер целеа да ја прикажат жената во приватните моменти.

Наивност, невиност и кревкост се читаше во фустаните со прецизна и строга А-линија, белите јаки, чевлите со Т-ремче над „гола“ сатенска обвивка, бајковитите наметки и рафинираните чипкасти фустани.

Valentino Valentino

Луј Витон

Романтично, еротско и меланхолично расположение царуваше на ревијата на Луј Витон. Марк Џејкобс ја претвори пистата во долг салон од голем хотел. Моделите излегуваа од 50 хотелски соби – некои со повеќе, некои со помалку облека врз себе. Лесните сатенски фустани кои наликуваа на ноќници се надоврзуваа на колекцијата на Марк презентирана во Њујорк, во која преовладуваше пижама-стилот.

Нежна и суптилна палета на бои и цветен винтиџ принт ги разигруваа креациите и придонесуваа за поголема драматичност.

Louis Vuitton Louis Vuitton

Шанел

Долги палта пресечени во долниот дел на предната страна, фустани со паднат струк, плисирани здолништа, кратки и широки јакни и палта, туники од твид, и сето тоа филувано со високи тесни чизми со метални додатоци – Карл Лагерфелд го зароби вниманието на присутните со колекција со гранџ чувство.

Очигледен беше и сокриениот младешки дух во креациите кои на моменти имаа и футуристички изглед.

Chanel Chanel

Ели Сааб

Елеганцијата доминираше на ревијата на Ели Сааб. Како и во претходните ready-to-wear колекции, либанскиот дизајнер ѝ отстапи простор на дневната облека наменета за моќните и софистицирани дами, па фустаните и панталоните во бизнис стил ги добија своите 5 минути. Сепак, малку невообичаено е што тој, како најдобар промотор на женственоста, одлучи да искористи мажествени елементи. „Структура и стил кои се контрадикторни, мешање на мажественото и женственото“ – изјавил тој за новата колекција пред почетокот на модното шоу.

За вечерните креации популарниот дизајнер експериментираше со провидна чипка и вметнати парчиња проѕирен тул. Тенки коланчиња пронајдоа место во речиси секоја комбинација со цел да ја интензивираат женственоста на креациите. Блескавите извезени детали го потенцираа гламурот кој се сврзува со брендот Ели Сааб, а во кој се заљубуваат многуте негови клиентки со сина крв.

Elie Saab Elie Saab

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20923 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.