Почетна » Убавина и мода » Мода » Очилата за сонце за вашето лице

Очилата за сонце за вашето лице

Да имате убави очила за сонце е исто толку важно како да имате убави чевли или чанта. Тие прават да изгледате модерни и убави, дури кога не сте имале време да ги прикриете подочниците и да се нашминкате.

Очилата за сонце денес се едни од најважните модни аксесоари и се менуваат секоја сезона. Но, внимавајте! Сè што е модерно не значи дека „ви стои“ и вас. Очилата ги привлекуваат туѓите погледи кон вашето лице, затоа најдобро е да ги избирате внимателно.

Избирајте според формата на лицето

Основното прашање кое треба да си го поставите кога избирате очила за сонце е дали тие одговараат на вашето лице. Општо прифатено правило е дека најдобро би ви одговарале очила, чии рамки имаат контрастна форма на формата на вашето лице. Големината на рамките треба да биде сообразена со големината на лицето.

За да ви го олесниме процесот на избирање на очила за сонце, еве неколку совети:

Авијаторки

Овална форма

Луѓето со овална форма на лицето се вистински среќници, затоа што имаат балансирани пропорции и скоро сите видови очила им стојат убаво.

Совет: Барајте очила кои што се широки колку најширокиот дел на вашето лице.

Очила со заоблени рамки

Коцкесто лице

Ако имате коцкесто лице, насочете се кон очилата кои што имаат заоблени рамки, за да му контрираат на формата на вашето лице.

Совет: Пробајте очила кои што стојат повисоко на лицето (имаат повеќе ширина, отколку длабочина), за визуелно да го издолжите лицето.

Долгунавесто лице

Големи очила

Најдобро е да изберете очила кои што ја покриваат средината на лицето (големи очила), со цел вашето лице да изгледа позаоблено.

Совет: Избирајте очила што стојат подлабоко на лицето и имаат декорации, кои го одвлекуваат вниманието од долгите образи и вилицата.

Очила со квадратни рамки

Тркалезно лице

Одбегнувајте ги очилата со тркалезни рамки. Вам ви се потребни очила кои што го издолжуваат лицето.

Совет: Очилата со прави рамки во форма на квадрат или правоаголник ќе го издолжат вашето лице.

Триаголно лице

Очила „мачешки очи“

Ако лицето ви е пошироко во долниот дел и потоа се стеснува, потребни ви се очила кои ќе му дадат ширина на горниот дел од лицето.

Совет: Очилата со рамки во форма на мачешки очи ќе го вратат балансот на пропорциите на вашето лице.

Ако горниот дел од лицето (кај челото) е поширок, а долниот тесен, т.е. имате лице во форма на обратен триаголник, носете очила со тенки рамки или очила кои што немаат рамки во долниот дел.

Очилата за сонце можат да ви станат најдобар пријател, затоа избирајте внимателно.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20920 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.