Почетна » Убавина и мода » Мода » Најжешки нијанси и комбинации на бои – пролет/лето 2013

Најжешки нијанси и комбинации на бои – пролет/лето 2013

Класиката и новото се испреплетуваат во модерната палета на бои за топлата сезона. Од една страна стојат црно-белите комбинации, а од друга, нови нијанси кои се микс на динамични ведри бои и смирени неутрални подтонови.

Заборавете ги дречливите неонски бои и дозволете да бидете шармирани од префинети нијанси кои мамат со софистициран изглед и урбан шмек.

Во продолжение ќе најдете визуелен водич низ најактуелните нијанси и комбинации на бои за сезоната пролет/лето 2013.

Кралска сина

Влијателна, практична, аристократска... кралската сина буквално владееше на модните писти. Големата застапеност се должи на нејзиниот интригантен и мистериозен ефект кој потсетува на длабоките води.

Кралска сина

Смарагдно зелена

Луксузна, ведра, успокојувачка, оптимистичка... смарагдно зелената е софистицирана нијанса која го интензивира нашето чувство за благосостојба, баланс и хармонија. Прогласена за боја на 2013 година, оваа нијанса инспирирана од скапоцениот смарагд симболизира чистота, обновување и единство, што е многу важно во комплексниот свет во кој живееме.

Смарагдно зелена

Освежителен ментол

Ментол нијансите минатата пролет го најавија своето присуство меѓу трендовите и веднаш привлекоа многу обожавателки со свежината и нежноста кои се кријат во нив. Имајќи предвид дека лесно се комбинира со други бои, ледениот ментол неколебливо останува на модната сцена.

Освежителен ментол

Нежни нектарини

Портокалово-црвената боја која ја одбележа 2012 година сега изгуби малку од својот интензитет. Потсетете се на нектарините и нивниот изглед кој е сладок микс од портокалови, розови и корални нијанси за да добиете претстава со каква нијанса да ја збогатите вашата гардероба.

Нежни нектарини

Лимонска жолта

Позитивноста и топлината кои ги носи со себе жолтата боја се доволна причина да поекспериментираме со неа, иако таа можеби е бојата која најретко ѕирка во плакарите. Не ви се допаѓа впечатливиот изглед на жолтата облека? Искористете лимон жолта нијанса како акцент во форма на накит или мала чантичка.

Лимонска жолта

Бебешка сина

Спокојството на бебешко сините нијанси беше презентирано преку женствени фустани, но и преку младешкиот деним кој се избори за стабилно место меѓу најсилните трендови. Оваа светла нијанса изгледа одлично во комбинација со топлата нијанса која потсетува на сочните нектарини.

Бебешка сина

Впечатлива црвена

Мамка за погледи, симбол на страст, самодоверба, моќ и сексуален магнетизам... црвената боја најверојатно никогаш нема да го отстапи своето место меѓу модерните бои. Додека во студените месеци ја гледавме во потемна бордо варијанта, сега ќе ја гледаме во сиот нејзин сјај. Модерните црно-бели комбинации би биле уште попривлечни доколку во нив вметнете ведра црвена боја.

Впечатлива црвена

Ленена неутрална

Ленената облека асоцира на топло време, леснотија и безгрижност. Бежовата нијанса карактеристична за ленената облека се препорачува како основа во модните комбинации затоа што служи како средство за балансирање при користењето на контрастни бои или различни нијанси од иста боја.

Ленена неутрална

Хит комбинации на бои

Црна со бела

Црно-белата комбинација е класичен и непогрешлив избор, особено во сезона во која дизајнерите ја користат повеќе отсекогаш. Вреди да експериментирате со црно-белите риги и дезенот црно-бела шаховска табла, но не ги занемарувајте и еднобојните црни и бели парчиња облека кои нудат безвременски интересен контраст.

Црна со бела

Зелена со сина

Кои сини и зелени нијанси ќе ги изберете речиси и не е важно, сè додека си одговараат по интензитетот. Ментол зелената одлично стои со бебешко сината, додека мастило сината прави впечатлива комбинација со смарагдно зелената. Во сино-зелена комбинација одлично се вклопуваат бежовите неутрални нијанси.

Зелена со сина

Изборот на Pantone

„Палетата на бои за оваа сезона ја истакнува потребата од баланс, а истовремено дозволува индивидуалност, самоизразување и возбуда“ - изјавила Леатрис Ајсмен, извршен директор на Pantone.

Pantone е една од најголемите компании за производство на бои, позната по својот систем за стандардизација на боите. Еве кои се нивните модерни предлози:

Актуелни бои според Pantone

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20936 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.