Почетна » Убавина и мода » Мода » Обувки: 15 трендови за сезоната пролет/лето 2013

Обувки: 15 трендови за сезоната пролет/лето 2013

Урбана едноставност, комфорт, дамска елеганција – подзаборавете ги вртоглаво високите обувки и чекорете со стил во топлата сезона. Предната платформа останува во минатото, а на модната сцена триумфално стапуваат чевлите со шпиц и рамните обувки.

Следува визуелен водич низ највлијателните трендови кај обувките за сезоната пролет/лето 2013.

Шпиц манија

Дамски и софистицирани, чевлите со шпицест врв се првиот избор на модните зависнички за сезонава. Модернизираните верзии на ретро хитот се одлично надополнување на актуелните модни трендови кај облеката, кои ги потенцираат женственоста и едноставноста.

Шпиц манија

Пастелен шарм

Слатките пастелни нијанси ниту малку не изгубија од својата привлечност, иако подолго време имаа доминантно присуство меѓу актуелните трендови. И во претстојните топли денови, млечните, сладоледни нијанси на розова, корална, сина, зелена, жолта и ментол боја ќе ги обојуваат стапалата на најпребирливите.

Пастелен шарм

Бело, бело, бело

Белата боја освојува. Смелите бели обувки како епидемија се распространија на модната сцена. Снежно белите чевли со класична елегантна силуета и шпицест врв се непогрешлив избор, но не бегајте ниту од белите балетанки, сандалите со бели ремчиња или белите платнени патики.

Бело, бело, бело

Транспарентни акценти

Не ја прескокнувајте негата на стапалата, бидејќи обувките со проѕирни елементи нема да ја сокријат негрижата. И најпрефинетите дизајнери покажаа експериментаторски дух, избирајќи транспарентни материјали кои отскриваат малку повеќе од женските нозе. Проѕирноста како тренд се наметна и кај модните додатоци, особено чантите.

Транспарентни акценти

Женствени оксфордки

Практични, удобни и шармантни – оксфордките се совршен баланс меѓу машките и дамските обувки. Со нив можете да изгледате модерно и симпатично, дури и кога трчате низ градските улици. Цветни дезени, чипка, блескави декорации, свилени врвки... при изборот игнорирајте ги правилата.

Женствени оксфордки

Гладијаторки до колена

За девојките со нескротлив бунтовнички дух, дизајнерите предлагаат гладијаторки високи до колена, повлијаени и од панкот. Ремчиња и врвци со различна дебелина ја опкружуваат ногата до коленото, па овој тренд не е за личностите кои не сакаат да го привлечат вниманието кон своите долни екстремитети.

Гладијаторки до колена

Еспадрили/ Слипери

Комфорни и лесни – лежерните еспадрили и слипери привлекуваат сè повеќе обожавателки затоа што им го даваат на стапалата неопходниот одмор. Одлично се вклопуваат во комбинации во кежуал стил – со тесни фармерки, модерни кратки панталони или макси и мини здолништа. Разнобојни, со принтови, дезенирани како ликови на животни или со модерни нитни и боцки, изборот е голем.

Еспадрили/ Слипери

Платнени патики со бела гума

Наједноставните платнени патики со бела гума добиваат сè поголема популарност, основно поради модните блогерки кои обожаваат креативно да го модифицираат нивниот изглед и да ги прават уникатни. Не се мачете со високи штикли во пеколните летни горештини и изберете лесни патики со кои ќе летате низ улиците.

Платнени патики со бела гума

Патики со висока полна потпетица

Кога за првпат стапија на модната сцена, патиките со висока потпетица не беа инстантен хит. Но, не помина долго време пред да завладеат со уличниот стил на блогерките и холивудските и модните ѕвезди. Сè повеќе дизајнери се насочија кон спортските високи обувки, давајќи им полуксузен и погламурозен изглед со помош на светулки или метални боцки.

Патики со висока полна потпетица

Ниски сандали со прстен на палецот

Рамните ниски сандали пленат со безгрижноста и слободата која им ја даваат на нашето движење. Тешко може да се каже кои модели ниски сандали се поактуелни, но низ најновите колекции најзастапени се сандалите кои имаат прстен на палецот.

Ниски сандали со прстен на палецот

Стабилна штикла

Високите штикли тенки како шајка оставете ги за некоја следна сезона. За наредните месеци изберете обувки со ниска или средно висока, дебела штикла која ќе му дава стабилност на секој чекор.

Стабилна штикла

„Металик“ обувки

Сандалите и чевлите со златен или сребрен сјај не ги резервирајте само за лудите летни ноќи. Модерниот метален изглед e привлечeн и под силните сончеви зраци. Особено актуелни се сандалите со изглед на розово злато.

Металик обувки

Диво лудило

Обувки изработени од 3 или повеќе различни материјали, во три или повеќе бои или дезенирани со микс од принтови го карактеризираат трендот откачено лудило. Реси, змиска и крокодилска кожа, футуристички, графички и цветни принтови... спојувањето на неспојливото очигледно е предизвик кој без двоумење беше прифатен од големите дизајнери.

Диво лудило

Балетанки со шпиц

Во текот на изминативе неколку години балетанките го доживеаја големото враќање на сцената, но секоја сезона доживуваат „надградба“. Ако досега најактуелни беа балетанките со „капаче“ на прстите, сега своите пет минути ги добиваат балетанките со шпицест врв. Овие модели се доказ дека не е задолжително да ги измачувате стапалата со превисоки обувки за да изгледате шик.

Балетанки со шпиц

Минималистички сандали со две ремчиња

Едноставниот дизајн на минималистичките сандали со висока штикла и ремчиња кои ги „заробуваат“ прстите и глуждовите го шармира модниот свет. Максималното отскривање на женските нозе придонесува за сексапилниот ефект на овие сандали.

Минималистички сандали со две ремчиња

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20925 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.