Почетна » Убавина и мода » Мода » Најжешки нијанси и бои – есен/зима 2013-2014

Најжешки нијанси и бои – есен/зима 2013-2014

Есенското руво на природата напомнува дека е крајно време да се зближиме со новата палета бои за студената модна сезона. Дизајнерската имагинација заплива во драматични и софистицирани колоритни миксови кои фасцинираат и инспирираат.

Додека црно-белата класика продолжува да владее во модниот свет, на сцената смело чекорат повеќе неочекувани нијанси кои ќе ги живнат тмурните денови. Анализата на колоритноста на бројните дизајнерски колекции открива доминација на црвените и сините нијанси и неочекувано пробивање на деликатната розова боја.

Ви претставуваме визуелен водич низ најактуелните нијанси и бои за сезоната есен/зима 2013-2014.

Дамска црвена и бордо

Страсната црвена боја е закована на модните писти и никогаш нема да стивне нејзината магнетска привлечност. Во есенските и зимските денови црвената ќе изгуби дел од ведрината и живоста, но ќе стане помистериозна и подраматична.

Дамска црвена и бордо

Мастило-сина привлечност

Истражувајте ги сите сини нијанси кои може да ги роди мастилото. Кралската сина зрачи со моќ, воздржаност и отменост и се поврзува со скапоцениот сафир, па не е чудно што привлекува сè повеќе обожавателки.

Мастило-сина привлечност

Мистична виолетова

Модните креатори танцуваа меѓу виолетовите и пурпурните нијанси кои се обвиени со префинетост и мистичност. Виолетовите нијанси се асоцираат со индивидуалност, екстравагантност и неконвенционалност и се совршени за впечатливи и елегантни комбинации.

Мистична виолетова

Снежна белина

Внесете светлина во тмурните денови со свежа белина. Белите комбинации не се баш најпрактичен избор кога сте соочени со врнежливото и снежно време, но токму поради тоа инстантно го привлекуваат погледот и ги исполнуваат мислите со асоцијации како педантност, перфекционизам, искреност и грижливост.

Снежна белина

Маслинесто зелена

Зелените нијанси кои потсетуваат на маслинки или се инспирирани од војничката униформа ја збогатуваат новата модерна палета. Војничкиот принт исто така се враќа на модната сцена, но во поелегантна верзија.

Маслинесто зелена

Розова нежност

Деликатноста на розовата боја им влезе под кожата на дизајнерите кои неколебливо испратија на пистите мини армии од манекенки во креации во нежна розова боја. Палтата во „зачадена“ розова боја го добија статусот „must-have“ парче облека, па доколку се прашувате како да внесете розово во вашата гардероба, изборот е очигледен.

Розова нежност

Смарагдно зелен луксуз

Смарагдно зелената е прогласена за боја на 2013 година и ќе остане во актуелната палета, иако е помалку присутна на облеката, а подоминантна кај накитот и модните додатоци.

Смарагдно зелена

Темно сива

Невозможно е целосно да се избегнат сивите нијанси, бидејќи служат како одлична основа која го балансира присуството на поживите бои. Темните сиви нијанси се идеален избор за деловен изглед, но и совршено решение на дилемите поврзани со комбинирање на бои.

Темно сива

Изборот на Pantone

Според Леатрис Ајсмен, извршен директор на Pantone, новата палета бои е сестрана и остава простор за експериментирање.

Pantone е една од најголемите компании за производство на бои, позната по својот систем за стандардизација на боите. Еве кои се нивните модерни предлози:

Актуелни бои според Pantone

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20936 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.