Почетна » Убавина и мода » Мода » Лондонската недела на модата – колекции пролет/лето 2014

Лондонската недела на модата – колекции пролет/лето 2014

Лондон е познат по еклектичката и непредвидлива мода, секогаш предлагајќи разнообразни колекции кои често немаат допирни точки. На големо изненадување, колекциите пролет/лето 2014 презентирани во модната британска престолнина ги спои романтиката, изразена преку пастелни бои, цветни апликации и принтови, женствени украси, па и проѕирни ткаенини.

Погледнете низ некои од најдобрите колекции од Лондонската модна недела.

Burberry Prorsum

Деликатност, нежност и романтика завладеаја на ревијата на Burberry. Кристофер Бејли изненади со релаксираните силуети и одушеви со пастелната палета. „Сакав колекцијата да делува романтично, да ги стопли луѓето“ – изјавил главниот дизајнер.

Женствени фустани од чипка, меки блузи од кашмир и лесни волуменозни палта во розови, ментол, млечно жолти и синовиолетови нијанси доминираа на пистата. Иако текстурите и боите делуваа деликатно и нежно, во креациите се насетуваше и доза сексапил и дрскост поради транспарентноста на материјалите. Тренч мантилите кои стојат во темелите на брендот, сега беа трансформирани во коктел фустани кои ги отскриваа рамената и потсетуваа на стилот од 50-тите години. Украсувањето на креациите со цветни колани и блескави брошеви ја збогати динамиката на колекцијата.

Burberry Burberry

Том Форд

Задоволувајќи ги желбите на своите клиентки, Том Форд претстави луксузна колекција исполнета со гламурозни и впечатливи креации кои го задржуваат погледот. Клучните мотиви беа искршени огледала и пајажинска чипка, но се наѕираше и допир со спортскиот стил.

Моќните жени кои не се плашат да блеснат долги години го инспирираат Форд, кој ја започна ревијата со кафеави и бели кожени фустани и јакни, продолжи со мини фустани со долги ракави кои привлекуваа со светкав изглед, вметна неколку женствени и елегантни панталони, го истакна сексапилот со необични чипкасти фустани, а не го заборави и крзното.

Tom Ford Tom Ford

Кристофер Кејн

Кејн ги стави цветовите под микроскоп и ги искористи цветните форми на нов начин, инспириран од цртежите во учебниците по биологија. „Ботаничката“ колекција беше украсена со форми кои ги имитираа заштитните (стерилни) елементи на цветовите, а кои Кејн ги поврза со анатомијата на жената.

Бегајќи од популарните рози, Кејн го постави акцентот на цвеќиња како лутиче, каранфил и орхидеја.

Christopher Kane Christopher Kane

Temperley London

„Станува збор за целосна романтика, сицилиски сон, тропска атмосфера во медитеранска околина“ – изјавила Алис Темперли по завршувањето на шоуто.

Брендот обожаван од војвотката Кетрин, се насочи кон женствена палета на примамливи бои и цветни апликации и принтови, но динамиката беше засилена од повременото присуство на леопардскиот принт.

Temperley London Temperley London

Ердем

Ердем Моралиоглу заборави на бојата, изразувајќи ја креативноста преку црно-бели креации. „Отсекогаш ме привлекувало женственото, но оваа сезона мислев на мажественоста. Имав идеја за девојка која мора да се престорува во момче за да оди на училиште, таа се облекува во негова облека, но потоа се заљубува и сè станува поромантично и сензуално“ – изјавил тој.

Славниот креатор на умен начин украде елементи од ученичката униформа и околу нив изгради пософистициран изглед, на моменти постигнуван со чипка и рачно сошиени пердуви.

Erdem Erdem

Роксанда Илинчиќ

Впечатливи бои, често користени во „колор-блокинг“ стил, ја живнаа ревијата на српската дизајнерка Роксанда Илинчиќ, која долги години живее и работи во Лондон.

Геометриски дезени, откачени украси, фустани со плисирани здолништа носени над ¾ панталони и судир на живи бои беа искористени за постигнување на „игривост и среќа“.

Roksanda Ilincic Roksanda Ilincic

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20853 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.