Почетна » Убавина и мода » Мода » Лондонската недела на модата: колекции пролет/лето 2013

Лондонската недела на модата: колекции пролет/лето 2013

Британската престолнина изминатава седмица пулсираше во ритамот диктиран од помладите енергични брендови во модната индустрија. Погледнете низ колекциите претставени во Лондон кои не ги оставија модните критичари рамнодушни:

BurberryКолоритниот завршеток на ревијата на Burberry

Temperley London

Визијата на младата Софија Лорен беше во главата на Алис Темперли додека ја разработуваше новата колекција. Примамлива палета на бои, здолништа инспирирани од стилот од 50-тите години, проѕирни ленти и висококвалитетни материјали ја окарактеризираа колекцијата на една од омилените дизајнерки на војвотката Кетрин и нејзиното семејство.

„Мислам дека ова ми е најомилена колекција досега. Од кројот, до бојата и материјалите, сè“ – изјавила Темперли.

Temperley London Temperley London

Peter Pilotto

Дизајнерите Питер Пилото и Кристофер де Вос мајсторски манипулираат со принтовите во новата зашеметувачки шарена колекција. Дигиталниот принт и неочекуваната текстура се главна карактеристика на креациите во кои се кријат и спортски елементи. „Дигиталниот принт е во јадрото и е толку прекрасно затоа што можеш да изразиш толку многу нешта, па на различен начин можеш да направиш различни слоеви. Толку е безгранично“ – изјавил Кристофер.

Експериментирањето со формите, понекогаш „украдени“ од високата мода во 50-тите, како и умерените отсечоци, ѝ дадоа на колекцијата возбудлива динамика и модернистички шмек.

Peter Pilotto Peter Pilotto

Burberry Prorsum

„Сакав да направам колекција која ќе ги натера луѓето да се смеат. Сакав да биде весела, малку подрска и посекси“ – изјавил главниот дизајнер Кристофер Бејли откако на пистата испрати армија манекенки облечени во колоритни и сјајни креации.

„Корсети и наметки“ беше темата на ревијата за која Бејли црпеше инспирација од архивите на Burberry и фотографиите на Норман Паркинсон. Мантилчето по кое е познат овој британски бренд се појави во многу варијации, додека наметките беа презентирани и во кратка и во долга форма.

Burberry Burberry

Ердем

„Мислев на жена од друга планета која дошла на Земјата“ – изјавил Ердем Моралиоглу по завршувањето на ревијата. Чипка и плетка, змиски и цветен принт беа комбинирани на неочекуван начин на креации кои зрачеа со дамска елеганција.

Ердем Ердем

Кристофер Кејн

Кристофер Кејн секогаш пронаоѓа начин да ги изненади и воодушеви модните критичари. „Беше фантастично, толку умно – елеганцијата и перверзноста“ – изјавила модната уредничка на „Вог“ Лусинда Чемберс за колекцијата инспирирана од Борис Карлоф, или поточно Франкенштајн.

Од почетокот до финалето се забележуваше постепено надградување на текстурата на креациите и позабележителна употреба на боја и впечатливи детали.

Кристофер Кејн Кристофер Кејн

Антонио Берарди

Антонио Берарди ја направи спортската облека гламурозна. Геометриската колекција сочинуваше многу здолништа подолги на страните на нозете, а пократки во средината. Силната сина боја која потсетува на мастило се провлекуваше низ целата колекција, надополнувајќи ја со динамика и урбана привлечност.

Антонио Берарди Антонио Берарди

Мери Катранзу

Поштенски марки од Монголија, Венецуела и Финска, како и банкноти со стари валути (германски марки и грчки драхми) можеа да се видат на креациите на Мери Катранзу. Храбрите фустани со А-линија добија почесно место во комплексната, но атрактивна колекција. „Тоа беше фантастичен чекор напред. Формите делуваа толку модерно и охрабрувачки“ – изјавила Франческа Барнс од британскиот „Вог“.

Мери Катранзу Мери Катранзу

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20789 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.