Почетна » Убавина и мода » Мода » Миланската недела на модата: колекции пролет/лето 2013

Миланската недела на модата: колекции пролет/лето 2013

Миланската недела на модата ја врати на сцената елеганцијата и во услови на економска криза понуди безвременски креации кои не се актуелни само една модна сезона. Погледнете ги колекциите за сезоната пролет/лето 2013 на едни од најпознатите дизајнери со светска слава:

Версаче

Флуидност, разлабавеност и леснотија владееше на пистата на Версаче. Креациите на Донатела овој пат не беа структурирани и затегнати, туку им даваа слобода на движењата на манекенките. Преку колани и „метални“ реси акцентот беше поставен на колковите, во стилот на Шакира. „Порано работев со Шакира. Можам да си замислам како би полудела за ова“ – изјавила Донатела Версаче.

Во егзотичната колекција сè уште се насетуваше рок стилот негуван од Версаче. Повеќето креации беа кратки и ги разголуваа нозете, можеби затоа што Донатела се фокусира на освојување на помлада клиентела.

Versace Versace

Роберто Кавали

Сексапил претставен на елегантен и современ начин ја обви ревијата на Роберто Кавали. Обожавателот на животинскиот принт и природата не успеа да ја потисне својата љубов кон дивината, но овој пат животинските дезени беа нежни и поретки.

Ревијата започна со бели креации презентирани од русокоси модели, а заврши со црни креации носени од бринети.

Roberto Cavalli Roberto Cavalli

Прада

Цветните мотиви присуствуваа речиси на секоја креација од колекцијата, а според Прада, беа „симбол на животот на жената и големите битки кои секогаш ги водиме“. „Сонот е забранет, носталгијата е забранета, да си премногу слатка не е добро. Облеката е израз на овој невозможен сон... Мислев на жената која е силна и слатка“ – изјавила Мјуча Прада.

Многу од креациите изгледаа како модерна интерпретација на „кимоно“ стилот. Прада објаснила дека јапонските елементи се појавиле подоцна во процесот на дизајнирање. „Сакав да е силна и сериозна. Сите тие диплења беа последица на тоа“ – дополнила таа.

Prada Prada

Гучи

„За пролет сакам да си играм со боја“ – изјавила Фрида Џанини. Желбата за колоритна игра на креативната директорка на Гучи беше очигледна. Циклама, мастило-сина, тиркизна, сончево жолта, корална... ведрите бои доминираа на модната писта.

Освен јаките бои, силен впечаток оставаа и силуетите – туники и широки панталони во стилот карактеристичен на доцните 60-ти и раните 70-ти години, волумен на ракавите и околу вратот, честопати создаден со помош на големи набори и развеани долги фустани кои не го прегрнуваат цврсто женското тело. Ревијата можеби ќе остане запаметена по еднобојните креации, но не може да остане незабележан принтот инспириран од јапонски тапети.

Gucci Gucci

Долче и Габана

Откако постигнаа голем успех со првата колекција висока мода, Доменико Долче и Стефано Габана продолжија да црпат инспирација од Сицилија. Фолклорни елементи, впечатливи принтови, марами на глава, масивни обетки, драматични сламени фустани... невообичаената колекција беше колоритна, енергична и полна со ведрина. „Беше охрабрувачко и веднаш посакав да одам на летен одмор. Боите беа прекрасни, беше несериозно, но носливо“ – изјавила Лусинда Чемберс, директорка на британскиот „Вог“.

„Сè правиме на наш начин, не се стремиме да бидеме тренди. Сакаме да правиме облека со надеж дека луѓето ќе ја сакаат, но не целиме да оформуваме нови трендови“ – изјавило дизајнерското дуо.

Dolce & Gabbana Dolce & Gabbana

Џорџо Армани

„Наша работа како дизајнери е да предложиме нешто што би го носеле луѓето. Што е поентата да прикажеш 30 парчиња кои не одат во продавниците?“ – запрашал Армани на прес-конференција.

Искусниот дизајнер предложи андрогина колекција, која започна со ледено сини елегантни костуми чии широки панталони беа поткусени до глуждовите, а продолжи со тегет креации кои блескаа повеќе од ноќното ѕвездено небо.

Giorgio Armani Giorgio Armani

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20789 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.