Почетна » Убавина и мода » Мода » Лондонската недела на модата: колекции пролет/лето 2012

Лондонската недела на модата: колекции пролет/лето 2012

Лондонската недела на модата заврши и со брзина на светлината модната толпа дизајнери, критичари, уредници и стилисти од Лондон се префрли во Милано. Додека реномираните дизајнери го покажуваат својот талент во Италија, да видиме што оставија зад себе дизајнерите во британската престолнина на модата.

Burberry Prorsum

Burberry е еден од најстарите и најуспешните британски модни брендови и секогаш успева да привлече огромно внимание со својата инвентивност и користењето на дигиталната технологија. Секоја креација прво била покажувана на Twitter, а дури потоа на модната писта, со што им била дадена можност на обожавателите да ја видат колекцијата дури и пред публиката присутна на ревијата.

На прв поглед колекцијата не делува како пролетна или летна, но дизајнерот Кристофер Бејли добро знае дека Велика Британија нема топла клима и дека пролетното сонце таму нема голема сила. Креативни комбинации на бои, еклектички принтови и доза на елеганција се наѕираше во секој изглед на манекенките. „Толку е нослива и секси“ – изјавила Роузи Хантингтон-Вајтли, која е рекламно лице на парфемот на овој бренд.

Burberry Prorsum Burberry Prorsum

Кристофер Кејн

Модниот дизајнер Кристофер Кејн претстави нежна и светликава колекција. Материјалите на првите креации оддалеку делуваа како мокра кожа, но одблиску всушност се гледаше дека се извезени со сребрени и златни дезени. Ревијата продолжи со едноставни фустани и кратки панталони со цветни принтови, кои или имаа предни кратки шлицови или беа отсечени над струкот за да се ѕирка малку кожа.

За голема радост на манекенките, Кристофер имаше подготвено комфорни ниски влечки наместо високи потпетици. Откако некои го обвинија дека го прави тој потег за да привлече внимание, Кејн побрза да објасни дека неговиот избор е од естетски причини. „Ултра високи штикли, особено со мини сукња сега изгледаат толку старо“ – објаснил тој.

Кристофер Кејн Кристофер Кејн

Метју Вилијамсон

„(Колекцијата) беше многу Метју – полна со ентузијазам, колоритна и навистина секси“ – коментирала Александра Шулман, главната уредничка на британскиот Вог, по завршувањето на шоуто. Карактеристичните бои кои потсетуваа на зајдисонце уште повеќе ги истакнаа креациите на сивата позадина на пистата, а сексапилот вметнат во формите на фустаните и комбинезон-панталоните целосно го освои вниманието на публиката.

„Сакав да е шик и женствена – помалку младешка и да се надеваме порафинирана од нормална“ – изјавил Вилијамсон.

Метју Вилијамсон Метју Вилијамсон

Mulberry

Пастелни бои кои потсетуваат на сладолед доминираа во колекцијата на дизајнерката Ема Хил, но понекогаш се судираа со интензивни угаснати нијанси на војничката боја. Популарната црна Хил ја зачува само за неколку финални креации.

Долгите лесни фустани и кратките широки панталони во комбинација со интересни мантили и јакни создаваа прекрасен видик кој ја воодушеви публиката. И нормално, голем дел од погледите на присутните, меѓу кои беа и Кејт Мос и Кристен Стјуарт, беа насочени кон чантите по кои е препознатлив овој бренд.

Mulberry Mulberry

Temperley London

Алис Темперли ја прослави десетгодишнината од своето присуство во модната индустрија со елегантна, гламурозна и примамлива колекција. „За наредната сезона таа сака да ни даде стајлинг како на Грејс Кели“ – пишува Вог, коментирајќи ги белите свилени марами на главите на манекенките, црвениот кармин и големите очила за сонце.

Името Темперли оваа година остана запаметено по зелениот фустан на Пипа Мидлтон на кралската свадба, па беше логично сестрата на Војвотката од Кембриџ да се појави во првиот ред на ревијата.

Temperley London Temperley London

Ердем

Цветниот принт ја завладеа ревијата на Ердем, што не е воопшто изненадувачки затоа што овој дизајнер уште е нарекуван и „принц на шарите“. Овој пат цветниот принт имаше повозрасен изглед, токму како за омилените клиентки Саманта Камерон и Мишел Обама.

Силуетите на канадскиот дизајнер варираа од структурирани и строги кројки до долги и развеани тоалети. „Мислам дека многу наликуваше на 50-тите, со елеганцијата на Диор“ – коментирал експертот Колин Мекдауел.

Ердем Ердем

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20789 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.