Почетна » Убавина и мода » Мода » Жешки трендови кај костимите за капење – лето 2013

Жешки трендови кај костимите за капење – лето 2013

Новиот бран костими за капење ја интензивира летната еуфорија. Еклектичкиот спој на класичното и модерното има моќ да ни ја разбуди фантазијата и да нè понесе на песочни плажи покрај тиркизни води и до освежителни летни коктели.

За разлика од облеката, трендовите кај костимите за капење се менуваат со побавно темпо, но пред да го започнете безгрижното уживање на плажа, не е на одмет да знаете кои стилови ги диктираат модните тенденции за 2013.

Посурфајте на свежиот нов моден бран пред да тргнете во потрагата по идеалниот костим за капење за вас.

Разиграни реси

Нескротливите реси се пикантен и егзотичен детаљ кој завладеа на модните писти. Дизајнерите ги искористија кај горниот дел на бикините, но и за акцентирање на деколтето кај едноделните костими.

Најдоброто кај ресите е што визуелно ги зголемуваат градите, па се совршен избор за посексапилна и поженствена фигура. Избегнувајте ги ресите на проблематичните заоблени делови од телото. Имате широки колкови? Ресите нека ги украсуваат градите, но не и колковите, за да ја балансирате формата.

Костими за капење

Тропски горештини

Тропските принтови асоцираат на лето и забава и очигледно ниту една сончева сезона не може да помине без нивното присуство. Цветни и егзотични дезени ги прават пошармантни костимите во различни стилови.

Костими за капење

Ретро вибрации

Ретро костимите за капење неколку сезони ја враќаат модата од 40-тите и 50-тите години, кога жените се фокусираа на истакнување на женственоста на телото. Висок струк кај бикините, точкест принт и едноделни костими во винтиџ стил ја враќаат на сцената ретро магијата.

Ве загрижува мекото заоблено стомаче? Бикините со висок струк се решение за вашата главоболка. Не само што ќе се чувствувате комфорно, туку и ќе изгледате модерно.

Костими за капење

Бикини микс

Покажете ја безгрижноста преку неочекувана бикини комбинација од различен горен и долен дел. Чувствувајте се слободни да носите горен и долен дел во различна боја или различен принт. Миксирајќи ги бикините кои ги поседувате, можете да имате нова комбинација за секој ден од летниот одмор.

Костими за капење

Романтика: Пастелни бои и панделки

Нежните пастелни бои ќе ве претстават како романтична летна божица. Костимите во млечно сина, зелена, жолта, ментол и корална боја го истакнуваат бронзениот тен на поегзотичен начин од белата боја.

Панделките се женствениот детаљ кој го надополнува романтичниот тренд кај костимите за капење ова лето.

Костими за капење

Отсуство на прерамки

Доколку градите ви дозволуваат, заборавете на прерамките и врвците и изберете бикини чиј горен дел потсетува на симболот за бесконечност.

Бикините без прерамки се идеални за рамномерно сончање без непријатни „бели“ линии по кожата.

Костими за капење

Риги

Риги манијата не можеше да ги одмине и костимите за капење. Не е важен изборот на бои и дебелината на линиите.

Морнарските риги кои ги комбинираат црвената, сината и белата боја остануваат популарен тренд.

Костими за капење

Едноделни со дигитален принт

Едноделните костими за капење се помодерни отсекогаш. Најсилен впечаток оставаат костимите со дигитални принтови кои отсликуваат тропски дестинации, палми или животни.

Костими за капење

Етно и фанки принтови

Колку пошарено, толку повпечатливо и помодерно. Откачени шари и неочекувани принт-миксови присуствуваа во речиси сите нови колекции костими за капење. Динамичниот и колоритен изглед мами и заробува погледи и ја потенцира желбата за забава.

Костими за капење

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.