Адријана Лима се врати во бикините на Victoria’s Secret. Привлечната Бразилка позираше за јунскиот каталог за костими за капење на познатиот бренд.
32-годишната мајка на две девојчиња заведува во бикини со риги и цветен, точкест и животински принт. На две од фотографиите Лима носи и макси летни фустани, идеални за жешките сончеви денови.