Кендис Сванапул позираше за мартовскиот каталог на Victoria’s Secret. Привлечниот ангел на познатиот бренд за облека ги презентира најновите модели костими за капење.
Егзотичната плажа на островот Св. Бартоломеј ќе ве потсети на летото и ќе ви ја зголеми желбата за одмор на тропски горештини.
Неодамна ангелите снимија и неколку музички видеа со кои ја промовираат новата колекција бикини.