Почетна » Убавина и мода » Коса » Фризури – трендови за есен/зима 2011-2012

Фризури – трендови за есен/зима 2011-2012

Новата сезона носи софистицирани, но во исто време контрастни фризури, кои ја комбинираат елеганцијата и женственоста со лежерноста и немарниот изглед. Без проблеми можете експресно да ги направите и секојдневно да ја користите нивната практичност.

Ѕирнете низ трендовите кај фризурите за сезоната есен/зима 2011-2012:

Современи варијации на класичното коњско опавче

Фризурата коњско опавче може да биде интерпретирана на стотици различни начини, а впрочем оттаму доаѓа и нејзината голема популарност. За новата модна сезона имате слобода да експериментирате до максимум. Нема да добиете замерка ниту ако испробате екстремно ниско, ниту ако си направите екстремно високо коњско опавче.

Тренди правило: ластичето треба да остане прикриено. Издвојте мал прамен, завиткајте го околу основата на коњското опавче и прицврстете го со тенка шнола.

Фризура: Современи варијации на класичното коњско опавче

Мрзеливи опуштени плетенки

Вешти сте во правењето на плетени фризури? Задолжително продолжете да ги инкорпорирате во вашиот стил. Стилистите потпаднаа под магичното влијание на забавните плетенки и не ги изоставија од новата палета на трендови.

Класична плетенка, плетенка рибина коска, неколку плетенки во една... сè е во игра. И запомнете, колку понесредено изгледа, толку поинтересно.

5 тренди плетенки (инструкции) »

Фризура: Мрзеливи опуштени плетенки

Бујни шишки

Црпењето инспирација од стилот на 70-тите уште минатата сезона ги донесе бујните кратки шишки меѓу трендовите.

Нивната мистериозна убавина продолжува да биде хит, а освојува сè повеќе симпатии и кај холивудските ѕвезди, затоа што така успеваат на интригантен начин да го свртат фокусот кон очите.

Фризура: Бујни шишки

Боб со шишки

Фризурата со должина до брадичката надополнете ја со „бебешки“ шишки за да доловите неодолив изглед, кој никого нема да остави рамнодушен.

Фризура: Боб со шишки

Прецизен патец на средина

Кога станува збор за патецот на косата, оваа сезона треба да биде прецизно дефиниран. Патецот на средината на главата е поактуелен и беше подоминантен на модните писти.

Но, тоа не значи дека треба да го заборавите и патецот настрана. Повременото преместување на патецот ќе ви помогне да постигнете разнообразие во целосниот стил.

Фризура: Прецизен патец на средина

Драматичен волумен

Дајте ѝ на вашата коса луксузен волумен кој потсетува на 60-тите години и на стилот на Брижит Бардо.

Со „тапирање“ акцентирајте ја косата во горниот дел на главата за да ја доловите драматичноста и впечатливоста на оваа фризура.

Фризура: Драматичен волумен

Кратка и замазнета настрана

Заедно со долгите коси, на сцената се појавија и кратките замазнети фризури. Ема Вотсон како идеален претставник на овој тренд ја разубави насловната на „Вог“ токму со ваков тип фризура.

Освен што делуваат авантуристички, кратките „влажни“ фризури оставаат и силен впечаток, каков што може да остави само една самоуверена личност.

Фризура: Кратка и замазнета настрана

Несредено клопче/балерина пунџа

Сакате за кратко време да креирате модерна фризура? Врзете ја косата во несредено „клопче“ или пак направете си брза балерина пунџа.

Женственоста и елеганцијата кои ги нудат овие фризури идеално ќе го потенцираат вашиот софистициран стил.

Фризура: Несредено клопче/балерина пунџа

Селебрити трендови

Кратки шишки

Тренд кај фризурите: Кратки шишкиЛејтон Мистер, Сандра Булок, Оливија Вајлд

Асиметричност

Тренд кај фризурите: АсиметричностАнџелина Џоли, Нина Добрев, Мила Кунис

Брановиден боб

Тренд кај фризурите: Брановиден бобШерил Кол, Скарлет Јохансон, Кристина Хендрикс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.