Почетна » Семејство » Бременост » Како да ја зголемите веројатноста да зачнете?

Како да ја зголемите веројатноста да зачнете?

Многу парови кога ќе одлучат да имаат бебе, сакаат тоа да се случи што побрзо. Има неколку работи кои можете да ги направите за побрзо да станете родители.

Бремена жена
На жените со прекумерна или премала тежина им е потребно повеќе време за да зачнат, отколку на жените со нормална тежина.

Жената треба да внимава на својата тежина. Истражувањата покажуваат дека на жените со прекумерна или премала тежина им е потребно повеќе време за да зачнат, отколку на жените со нормална тежина.
Во рамките на едно истражување е мерен индексот на телесна маса (BMI) на 2112 бремени жени. Индексот во рамките на 18,5-24,9 се смета за нормален, а индексот 25-29,9 значи дека лицето е со прекумерна тежина. Резултатите покажале дека на жените кои имаат BMI над 25 им е потребно двојно повеќе време да зачнат, отколку на жените со нормален индекс на телесна маса. Од друга страна, на жените чиј индекс е под 19 им е потребно четири пати повеќе време да зачнат, отколку на жените со нормална телесна тежина.
Најголем број од жените не мислат дека нивната телесна тежина влијае врз нивната плодност. Сепак најдобро е да имате нормална телесна тежина. Само така шансите да зачнете побрзо ви се зголемуваат.

Мажот треба да ги заштити своите полови органи. Постојано се спроведуваат истражувања кои што треба да утврдат како тесната долна облека, лаптопите и мобилните телефони влијаат врз машката плодност. Сите сме слушнале дека пошироката долна облека ја подобрува плодноста кај мажите. Иако истражувањата во минатото го потврдиле тоа, поновите истражувања покажуваат дека долната облека не влијае врз плодноста.
Некои доктори препорачуваат мажите да не се изложуваат блиску до извори на топлина. Пример: треба да се избегнува лежењето во топла бања дури и мажот да нема проблеми со плодноста. Експертите препорачуваат мажите кои планираат да станат родители да не чуваат лаптоп врз нозете и да не го чуваат нивниот мобилен телефон во џебот од пантолоните.

Жената да внимава со алкохолот и кофеинот. Консумирањето на поголемо количество алкохол или кофеин влијае врз плодноста на жената. Експертите потврдуваат дека консумирањето на повеќе од 5 чаши кафе дневно се асоцира со ниска плодност. Тоа не значи да го оставите вашиот омилен утрински пијалок. Едноставно треба да го намалите количеството кафе што го пиете на максимум 2 чаши дневно.
Истражување направено во Шведска покажало дека жените кои консумираат 2 алкохолни пијалоци дневно ги намалуваат шансите да зачнат со 60%. Ако сакате да станете мајка, препорачливо е да го оставите алкохолот настрана.

Кажете им „не“ на цигарите.
Пушењето влијае врз плодноста и на мажот и на жената.

И двата прекинете со пушењето. Добро познат совет. Пушењето влијае врз плодноста и на мажот и на жената. Затоа, двата откажете се од оваа штетена навика.

Темпирајте го сексот. Искористете го периодот кога сте најплодна, затоа што тогаш се најголеми шансите да зачнете. Тој период обично трае 6 дена. Најверојатно вие ќе останете бремена во 3-те дена пред овулацијата. Поради тоа, ако планирате да останете бремена, многу е важно да знаете кога е вашата овулација.

Без „чување“ – имајте почесто секс. Некои парови сметаат дека ако се чуваат и имаат секс само кога жената е во овулација, тоа ќе им ги зголеми шансите да станат родители. Тоа не треба да биде така. Сексот не треба да им причинува стрес на идните родители. Најдобро е да имате сексуален однос секој втор ден ако сакате да станете родители.

Да останете бремена и не е толку лесна работа, затоа направете сè што можете за поскоро да ѝ се радувате на специјалната задача да бидете родител.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20784 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.