Почетна » Рецепти » Популарни јадења » Чоколадна панакота

Чоколадна панакота

Панакота е класичен италијански десерт и слатко кремасто задоволство за вашата уста. За да уживате во неговиот богат вкус и нежна структура, потребно е да си издвоите само 15-ина минути од вашето време. Единствената „лоша“ стана на овој популарен десерт е што за да го вкусите, морате да почекате неколку часа, со цел да се згусне и да го добие примамливиот изглед и свилената текстура.

Чоколадната панакота е одличен завршеток на елегантен оброк и идеален партнер на послуженото кафе за пријателките. Пробајте го и сигурно ќе посакате репете.

Панакота

Состојки

500mlслатка павлака
150gчоколадо за готвење
80gшеќер во прав
10gжелатин (1 пакетче)

Инструкции за приготвување

  1. Во ѓезве ставете 7-8 лажици од слатката павлака. Распрскувајте го желатинот по површината додека мешате. Оставете го ѓезвето со желатин настрана 5-10 минути за смесата да набабри.
  2. Во сад за варење ставете ја преостанатата слатка павлака и шеќерот во прав. Ставете го садот на тивок оган. Мешајте за да се растопи шеќерот. Кога смесата ќе се загрее, додајте го чоколадото, искршено на мали парчиња. Постојано мешајте за целосно да се растопи чоколадото. Не дозволувајте смесата да зоврие.
  3. Ѓезвето ставете го на оган за да се стопи желатинот. Откако ќе се растопи, додајте го во чоколадната смеса.
  4. Кога ќе забележите дека смесата е пред вриење, тргнете го садот настрана.
  5. Додека смесата е топла, налејте ја во калапи за пудинг или суфле, или пак во шот чаши или чаши за мартини. Ако сакате панакотата да ја служите во чинија, тогаш изберете калап со интересна форма. Доколку сакате да ја служите директно, ставете ја во интересна чаша.
  6. Поставете ги калапите на послужавник и ставете ги во фрижидер. Потребно е да ги оставите да се ладат минимум 3-4 часа.
  7. Сервирајте ја панакотата ладна. Пред служење, можете да ја поросите со шеќер во прав, какао или кокос. Исто така, можете врз неа да ставите шлаг пена, или пак, сос од јагоди, малини, боровинки... Украсете ја чинијата и со мали парчиња овошје.
Панакота

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20783 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.