Ег-ног (egg nog) е традиционален млечен пијалак кој е особено популарен во САД и Канада за време на зимските празници како Божиќ и Нова Година. Ова е еден од оние пијалаци кои или ги обожавате и едвај чекате да уживате во нивниот вкус, или ги мразите и не можете да ги поднесете.
Изненадете ги вашите најблиски и придружете им се на милиони луѓе низ светот кои ќе уживаат во специфичната арома на овој кремаст пијалак за време на претстојните празници.
Состојки
4 | жолчки од јајца |
150ml | кондензирано млеко (засладено) |
1 лажица | шеќер |
1 лажичка | ванила |
4 ½ чаши | Битолско трајно млеко со 3,2% мм |
4 | белки од јајца |
30ml | рум |
1/4 лажичка | морско оревче (рендано) |
Инструкции за приготвување
- Матете ги жолчките од јајцата во поголем сад додека не се згуснат, а потоа постепено додавајте ги двата типа на млеко, шеќерот и ванила екстрактот.
- Во друг сад изматете ги белките од јајцата и потоа искомбинирајте ги со претходно приготвената смеса.
- Додајте го румот и украсете пред сервирање со рендано морско оревче.
Наместо морско оревче, можете да употребите цимет во прав и да украсите со стапче цимет.
!
Внимание: рецептот содржи сирови јајца
Поради малиот ризик од салмонела и други заболувања, бидете внимателни при приготвување на јадења кои содржат сирови јајца. Користете само свежи јајца од проверен произведувач кои се чувани во фрижидер.