Хранлива фузија на омега-3 масни киселини, витамини и минерали која резултира со бројни здравствени бенефиции, богатство на протеини, кулинарски деликатес кој ги разгалува сетилата... Разбирливо е зошто рибата е еден од столбовите на пирамидата на балансираната исхрана.
Нутриционистите се категорични дека е неопходно рибата барем двапати неделно да е присутна на нашата трпеза за да се радуваме на редицата придобивки кои ги носи за оптимално функционирање на организмот.

Со цел да го начнеме разоткривањето на тајните на хранливоста на рибата, да тргнеме од тоа за што сè се полезни сардините и туната.
Сардини – мини риби, огромни бенефиции
Не само што сетилно ќе ве одведат на неверојатно патување покрај море, не само што хедонистички ќе ве обземат, туку и нутритивно ќе ве задоволат. Отстапете им поголем простор на ситните сардини во чиниите и целото тело ќе ви биде благодарно.
Верувале или не, сардините содржат трипати повеќе калциум од млекото, двапати повеќе витамин Д од јајцата, двапати повеќе протеини од сирењето*.

- Богати се со калциум. Рибите со меки, јадливи коски, како што се сардините, се фантастичен извор на калциум. Со оглед на тоа што калциумот е најзастапен минерал во човечкото тело, неговата голема важност воопшто не е дискутабилна. Не само што е суштински потребен за градењето и одржувањето на здрави коски, тој придонесува и за здравјето на срцето, мускулите, нервите и забите.
- Обединуваат калциум со витамин Д што е неверојатна комбинација. Витаминот Д помага во апсорпцијата на калциумот, па токму затоа се смета дека оваа комбинација е чудотворна за организмот. Истражувањата покажуваат дека доволни количини „витамин Д + калциум“ помагаат во заштитата од рак, висок крвен притисок и дијабетес.
- Изобилуваат со протеини. Исхраната богата со протеини е сè повеќе прифатена не само од страсните вљубеници во фитнесот и бодибилдингот, туку и од сите кои се обидуваат да одржат фит изглед. Сардините нудат одлична количина на протеини. На пример, во 100 грама EVA сардини има 17 грама протеини.
- Содржат омега-3 масни киселини за здраво срце, добро ментално здравје и здрава бременост. Сардините се препорачуваат за секој што треба да го засили внесот на омега-3 масни киселини кои го намалуваат лошиот холестерол. Исто така, тие помагаат во стабилизирањето на крвниот притисок, ја намалуваат инфламацијата, го редуцираат ризикот од кардиоваскуларни болести и го подобруваат менталното здравје.
Омега-3 масните киселини се особено важни во бременоста, а се препорачува консумирањето на сардини затоа што содржат ниско ниво на жива. - Солиден извор се и на витамин Б12. Сардините вклучуваат и Б12, есенцијален витамин од витаминското семејство нарекувано и Б комплекс. Неопходен е за развивање и одржување на здрав нервен систем, создавање на ДНК и формирање на црвени крвни зрнца. Доколку редовно консумирате сардини, никогаш нема да се соочите со недостиг на Б12.
Со оглед на тоа што свежата сардина не е типична за нашиот пазар, конзервираната сардина е феноменална опција, особено во денешно време кога веќе ни се достапни производи без конзерванси и нездрави додатоци. Така на пример, сардините EVA содржат САМО сардини, масло и сол.
10 причини да обожавате туна
Фитнес фанатиците ја издигнуваат на пиедестал, пескетаријанците не можат да ѝ се донасладат, вљубениците во морската храна гравитираат околу неа – туната е неспорна суперхрана буквално за секого.
Освен што е многу вкусна и може да биде одличен сојузник на приготвувањето на неодоливи салати, сендвичи и јадења со тестенини, туната е и адут за подобро здравје.

Ова се само неколку од долгата листа на придобивки од консумирањето туна:
- Ја подобрува работата на срцето
- Ги намалува триглицеридите и лошиот холестерол
- Помага во превенирањето на анемија
- Асистира во контролирањето на шеќерот во крвта
- Ги подобрува когнитивните способности
- Сојузник е за слабеење
- Помага за елиминирањето на замастување на црниот дроб
- Го потпомага одржувањето на добро ментално здравје
- Содржи Б12, Б3, Б6, Б1, Б2, селен, витамин Д и калиум
- Може да ги редуцира симптомите на астма и да го одржува здравјето на тироидната жлезда
Конзервираната туна е многу лесно достапна и тоа во повеќе варијантни, а повеќе од очигледно е дека заслужува важно место во потрошувачките кошнички.

Нека EVA рибите скокнат во вашата кујна за да се радувате на декадентни вкусови, огромен дијапазон од ароми и раскошна палета на хранливи материи.
*Споредено во 100 грама (Извор: National Nutrient Database for Standard Reference на USDA)