Почетна » Рецепти » Намирници » Постои фобија од лук, рузмаринот е за концентрација: Интересни факти и верувања за зачините и билките

Постои фобија од лук, рузмаринот е за концентрација: Интересни факти и верувања за зачините и билките

Ги препознавате нивните ароми, обожавате да ги инкорпорирате во најразлични јадења, ги користите секојдневно без многу да ги „разгатнувате“, но зачините и билките се пофасцинантни отколку што веројатно си замислувате.

Сте знаеле ли дека некои луѓе имаат фобија од лук, Конфучиј со секој оброк јадел ѓумбир, каранфилчето е дел од некои од најпопуларните парфеми... Од повеќевековната историја на зачините и билките се раѓаат мошне интересни факти и легенди:

Зачини

Рузмарин

Во античка Грција, студентите ставале рузмарин на главите за да им помогне за време на испитите. Две илјади години подоцна, научниците докажаа дека рузмаринот навистина ја стимулира меморијата.

Лук

Дали мразите лук од дното на душата? Можеби имате алумфобија. Постојат луѓе кои имаат алумфобија, односно страв од лук, и воопшто не сакаат ниту да го помирисаат, ниту да му се доближат, а најмалку да го вкусат.

Морско оревче

За време на пандемијата со чума, луѓето носеле со себе морско оревче, со надеж дека ќе ги заштити. Чумата се ширела преку болви, а морското оревче е моќен инсектицид, па затоа некои научници веруваат дека тоа всушност можело многу да им помогне во тоа време.

Чили

Кога станува збор за чили пиперките, добро е да се водите од правилото „колку е помала пиперката, толку повеќе лутина има во неа“.

Зачини

Куркума

Веројатно сте наишле на свадбени фотографии на кои лицата на невестата и младоженецот се премачкани со жолтеникаво-кафеавската паста. Тоа всушност е паста од куркума и со векови се користи во свадбените ритуали во Индија.

Оригано

Според легендите на старите Грци, ориганото се користело како противотров, особено за каснувања од змија и се сметало за можно решение во борбата против акните и иритација на кожата.

Копар

Легендите велат дека невестите носеле копар во свадбените чевли, бидејќи верувале дека тоа ќе им помогне да ги маѓепсаат сопрузите да ги слушаат бескомпромисно.

Цимет

Освен што се поврзува со неодоливи десерти и топли пијалаци, циметот во изминатите неколку години стана асоцијација и за „човечката глупавост“ поради непромислениот и опасен „предизвик со цимет“. Станува збор за обиди да се проголта што повеќе цимет, а тоа води до проблеми со дишењето, иритација на грлото, па дури и задушување.

Зачини

Кари

Во традиционалната индиска медицина, кари се користи за да помогне во варењето на храната, како и за стимулирање на функцијата на црниот дроб.

Мајчина душица

Мајчината душица била едно од омилените растенија на римските императори. Ја консумирале пред секој оброк со надеж дека ќе ги заштити од евентуално труење.

Ѓумбир

Прочуениот кинески филозоф Конфучиј јадел ѓумбир со секој оброк за сила и здравје и советувал секогаш да се консумира зачинот во мали количини.

Каранфилче

Каранфилчето е исклучително важна состојка при производството на повеќе парфеми како Пако Рабан и Дона Каран Голд. Некогаш беше највредниот зачин на светот и 1 кг чинеше колку и 1 кг злато.

Црн бибер

Во античко време, биберот бил познат по лековитите својства. Се нарекувал „црно злато“ и често се користел наместо пари, како средство за размена.

Димена пиперка

Традиционалната шпанска колбасица, позната како „Chirozo“, својот специфичен вкус ѝ го должи на димената пиперка.

Каенски пипер

Птиците со радост би јаделе прелута храна, бидејќи немаат рецептори за капсаицин, состојката којашто ѝ ја дава лутината на пиперката, а со тоа и на каенскиот пипер.

Зачини

Слатка пиперка

Во минатото, мажите биле особено горди на своите фризури и бради, но поради тоа оние со „проблематична“ коса биле помалку среќни. Според легендата, тие користеле слатка пиперка за да го намалат опаѓањето на косата и да го стимулираат растот на косата и, наводно, ова функционирало.

Ким

За кимот се верувало дека влијае заштитнички. Неговата консумација, наводно, ги одвратувала вештерките, а предметите во кои имало ким не можеле да бидат изгубени.

Босилек

Босилекот во некои култури се смета за симбол на љубовта и посветеноста на младите парови.

Зачини

Ловор

Ловорот во античко време се сметал за „свето дрво“, а и ден-денес е симбол на слава и статус.

Магдонос

Римските гладијатори редовно консумирале магдонос и тоа најчесто пред борба, затоа што верувале дека ќе им помогне да се сконцентрираат, ќе им даде сила и ќе ги направи полукави.

Повеќе за зачините и идеи за рецепти можете да пронајдете на:

https://zacini-inspiracije.mk/monozacini/persin/.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20779 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.