Кој не обожава шпагети? Збогатете го вашиот репертоар на рецепти со шпагети со бел сос кои експресно ќе исчезнат од чиниите откако ќе ги послужите.
Состојки
500 гр | шпагети |
За сосот | |
250 мл | павлака за готвење |
100 гр | свинска печеница |
150 гр | кашкавал |
4 парчиња | топено сирење |
2 лажици | кисела павлака |
70 гр | маринирани шампињони |
1 лажица | маслиново масло |
1/2 | црвена пиперка, капија |
сол, бибер, морско оревче, босилек |
Подготовка
- Во малку маслиново масло пропржете ги свинската печеница и ситно исечканата пиперка за да ја ослободат својата арома.
- Додајте ја павлаката за готвење и оставете ја смесата на тивок оган да крчка 1-2 минути.
- Зачинете по вкус и додајте ги шампињоните, топеното сирење, кашкавалот и киселата павлака. Ставете го на тивок оган околу 3-4 минути и мешајте за да се соедини сосот.
- Во меѓувреме сварете ги шпагетите според упатството на кесата. Процедете ги и налејте во нив малку маслиново масло.
- Во чинија ставете од шпагетите, прелејте ги со сос и украсете со магдонос.
Рецептот е приготвен од форумџиката @PrettyDramaQueen, која доби најмногу гласови во кулинарскиот натпревар „Фемина готвач – Тема: Шпагети“.