Патувањата ни ги прошируваат видиците, ни го збогатуваат животот од најразлични аспекти и ни ги „отвораат“ сетилата за нови вкусови и ароми. Тоа многу добро ѝ е познато на Марија, која кога и да ги спои двете најголеми страсти за патување и готвење, мами воздишки на Instagram профилот @marijamarijamarija.
Македонката со изострено око за естетика се приклучи на возбудливото кулинарско патешествие околу светот со зачините Vegeta Maestro со рецепт инспириран од нејзиното неодамнешно патување во еклектичното и колоритно Мексико.
“
Зошто баш Мексико? Затоа што неодамна се вратив од таму и сè уште сум под импресии од културата, историјата, природата, плажите и секако... ХРАНАТА! Иако не можам да кажам дека мексиканската кујна ми е на прво место (мислам дека aзиската сè уште води), сепак има некој кулинарски шарм во она што го приготвуваат таму. Јас лично многу сакам улична храна и Мексико е едно од местата каде баш уличната храна преовладува и е многу вкусна и разновидна (иако се познати месојадци, сепак, бев многу пријатно изненадена од големиот избор на веганска храна) и нели, највкусното и најсочното гвакамоле.
А по што е најпозната мексиканската кујна? По зачините. Нема да верувате колку нивната храна е зачинета, десетици видови на чили: од најблаго од отров луто, но и тоа има некаков шмек. Јас лично не преферирам толку зачинета храна, па мојот рецепт е инспириран, но прилагоден, модериран и балансиран. Одбрав да правам такоси, затоа што се една од најчестите улични храни што ги јадев. Таму најчесто ги прават само со печурки, пченка и лајм, но јас направив една моја верзија на полнење со ореви. Се надевам дека ќе ви се допадне.
Состојки
500 гр | свежи печурки |
4 | млади кромитчиња |
2 чешниња | лук |
½ шолја | непечени ореви |
1 лажица | сенф |
1 лажица | доматна паста |
2 лажици | маслиново масло |
прстофат | сол и Vegeta Mastro црн бибер |
1 лажичка | Vegeta Mastro димена пиперка |
Vegeta Mastro чили и сол | |
пченкарни тортиљи | |
авокадо | |
морков | |
црвена зелка | |
лајм |
Подготовка
Ги сечкаме печурките, младото кромитче, оревите и лукот.
Во загреаното маслиново масло ги ставаме да се пржат заедно со сенфот и доматната паста.
Зачинуваме со димена пиперка, чили, сол и Vegeta Mastro црн бибер.
Во средината на тортиљите размачкуваме прво изгмечено авокадо, потоа од приготвената ароматна смеса, а одгоре ставаме ленти морков, исечкана црвена зелка и малку исцеден лајм.